Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Бојковска: Македонија се најде на листата во топ-30 земји во светот за кибербезбедност, ова се резултатите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Според Националниот индекс за кибербезбедност, кој го подготвува естонската Академија за е-управување,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според Националниот индекс за кибербезбедност, кој го подготвува естонската Академија за е-управување, Македонија е рангирана на 30. место во светот од вкупно 155. Со 84,17 поени, ова е напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање кога бевме на 59. место во 2023 година, истакна Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, на прес-конференција.

Овој резултат е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен и поорганизиран пристап кон кибербезбедноста.

Еден од клучните чекори во тој процес е новата законска рамка.

Реклама

Со неа, за првпат на јасен начин се определуваат надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во делот на безбедноста на мрежните и информациските системи.

Се воспоставуваат конкретни правила за управување со сајбер-ризиците, се воведува обврска за пријавување на безбедносни инциденти и се поставуваат посилни механизми за заштита на суштинските и важните субјекти.

Ова е важна промена затоа што кибербезбедноста повеќе не се третира како прашање што се решава само кога ќе се појави проблем. Градиме систем во кој постојат јасно дефинирани одговорности, правила и механизми за превенција и реакција.

Граѓаните со ова добиваат побезбедни дигитални јавни услуги, подобра заштита на личните податоци и поголема отпорност на инфраструктурата што е од суштинско значење за функционирањето на државата.

Затоа инвестираме во кибербезбедноста конкретно и системски  со законска рамка, со јасни надлежности и со механизми што треба да дадат долгорочна заштита.

Резултатот од Националниот индекс покажува дека сме направиле значаен чекор напред. Ова е потврда дека насоката во која се движи земјата е исправна, но и наша обврска да продолжиме уште посериозно.