Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Бојкот на наставата во основното училиште „11 октомври„ во Скопје

Учениците од прво до четврто оддление, како и тие од шесто и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учениците од прво до четврто оддление, како и тие од шесто и седмо од Основното училиште „11 Октомври“ во Скопје денеска не дојдоа на настава. Ваквата одлука за бојкот е донесена во знак на протест поради префрлање на ученик кој претходно бил отпишан од друго училиште поради насилно и проблематично поведение. Одлуката била донесена од Советот на родители, кои стравуваат дека насилното однесување на ученикот ќе се повтори и во новото училиште.

„Имаме деца кои работат по индивидуална програма, кои што деца со таков статус би дошле физички присутни со деца кои имаат насилно поведение, верувајте дека веќе зборуваме за загрозување на лично здравје, не само на тие ученици, туку и на останатите“, рече Горан Нациќ, претставеник од родителите од училиштето „11 Октомври“.

Новиот ученик претходно бил отпишан од основното училиште „Лазо Анѓеловски“ поради проблематичното однесување и првично бил примен во  „11 Октомври“. Директорката на училиштето Даница Блажевска тврди дека таа дала согласност ученикот да биде запишан, но вели дека била доведена во заблуда, зашто од неа и од училишната управа бил скриен фактот дека детето во претходното училиште имало изречени мерки.

Реклама

„Во овој случај ние не ја мавме фактичката состојба каква е и затоа ја дадовме согланоста. Бидејќи ги добивме документите од страна на родителите, ние после тоа испративме официјален допис до училиштето „Лазо Ангеловски“ во кое ги известуваме дека ја повлекуваме согласноста која не е согласно упатството спроведена и во случајот нема правна важност“, изјави Даница Блажевска директор на ОУ „11 Октомври“.

Блажевска истакна дека процедурите за преместување на ученик мора да вклучуваат транспарентна соработка помеѓу училиштата, локалната самоуправа и Министерството за образование. Вчера бил направен инспекциски надзор, од страна на државен просветен инспекторат и се чека на официјален записник и решение. Незадоволството кај родителите и кај наставниот кадар е големо. Бојкотот на наставата утре се очекува да се прошири и со другите паралелки.

Љубиша Владимиров