Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Бојкот – Големите маркети денеска останаа без муштерии

Нема полни корпи, нема редици на касите.  Маркетите останаа без муштерии. Алфа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема полни корпи, нема редици на касите.  Маркетите останаа без муштерии. Алфа направи обиколка низ главниот град и посети неколку ланци на маркети. Во некои забележавме дека нема ниту еден купувач, а во некои само по неколку граѓани кои купуваа по еден или два производи кои им биле најнеопходни.

Кај маркетите во близина на училиштата, беше видлива раздвиженост, но најголем дел од купувачите беа ученици.

И трговците признаваат дека посетеноста им е намалена. Особено тоа го осетиле преку бројот на издадени фискални сметки.

Реклама

„Велат дека поради бојкотот имале намален дневен промет“.

Граѓаните кои ги прашавме за бојкотот, сметаат дека се испраќа добра порака, но поголемиот дел имаат дилема дали само еден ден бојкотирање може нешто да смени на долг рок. Алармираат надлежните да бидат постојано на терен и да ги зауздаат трговците.

По повикот за бојкот кој наиде на голем аподдршка на социјалните мрежи, дел од трговците уште во текот на вчерашниот ден ги намалија цените на некои од производите и најавија акции со кои значително ќе се намалат цените на основните производи. Цените на производите изминатите месеци посојано се движеа во нагорна линија, по што владата воведе таканаречени празнични кошнички. Но она што предизвика  реакција беше наглото зголемување на цените пред да бидат воведени кошничките, по што имаше засилени инспекциски контроли.

Инаку бојкотот започна во Хрватска, а потоа ги поттикна и земјите од регионот. Денеска има бојкот и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Љубиша Владимиров