Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Блокади и на Ќафасан: Превозниците бараат итна промена на европската регулатива

Превозниците од 40 транспортни компании од Охрид,Струга и Кичево го блокираа граничниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Превозниците од 40 транспортни компании од Охрид,Струга и Кичево го блокираа граничниот премин Ќафасан. Ги паркираа камионите на граница и го запреа товарниот сообраќај.Реагираат на начинот кој се применуваза влез и излез во земјите од Европската Унија.

 “ Сега ја засилија контролата и самите не знаеме зошто.Практично ова беше 2008-ма како закон донесено, меѓутоа тогаш беа нормално помалку земји во ЕУ во шенген зоната.Така да треба да се промени овој закон,порано не беа Хрватска, Романија, Бугарија итн .Апсолутно, загубите се преголеми, транспортната индустрија ќе доживее копас доколку ова не се реши како што треба од страна на ЕУ,односно Брисел” -вели Митко Крстаноски-сопственик на транспортна компанија

Камионџиите се незадоволни,како што велат од новиот систем со кој електронски ќе се бројатденовите за престоји ризикот да го надминат дозволениот лимит од 90 дена.Се плашат да не поминат низ лошото искуство на босанските транпортери кои биле приведувани, гонети и депортирани.Ова е тешка професија на која сме се нафатиле од егзистенцијани причини.Доколку продолжат овие ригорозни правила, не ќе можеме да  врземе крај со крај ,додаваат превозниците кои добија поддршка и од колегите од околните земји.

Реклама

–“ Е со овие рестриктивни мерки не знам, тешко, не ќе можеме да опстоиме.Па ако е вака, најверојатно голем дел од возачите ќе заминат од државава ќе бараат егзистенција во европските земји. Ќе почнат да работат други компании странски и транспортот ќе поскапи, производите ќе поскапат ; -Влезовите да не ни ги бројат 90 дена во 6 месеци само тоа.Голем проблем е за вас? Проблем е не можеме да работиме; -Јас тргнав од Бугарија и продолжувам за Албанија,немавме полна информација за тоа како ќе се одвива блокадата.За секого е проблем,како да седам 7 дена на граница,но ги поддржувам моите колеги кои не можат неограничено да возат во ЕУ.Како да не ги поддржам колегите, секој сака да извади едно парче леб”-велат превозниците

Наредните 7 дена колку што е предвидено да траат блокадите, ќе се зголемува бројот на транспорни превозници кој денеска барем според најавите,биле најмногубројни на граничниот премин Богородица.

Околу 30-тина транспортни превозници денеска го блокираа граничнот премин Ќафасан кој е еден од 5-те во државава кои се од прва категорија.Дневно преку Ќафасан кој е меѓу најфеквентните гранични премини поминуваат над 100 транспортни превозници кои најчесто одат кон пристаништето во Драч.