Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Бизнисот задоволен од најавите на Николоски за засилена градежна офанзива

Подобар живот за населението, побрз проток на стоки и услуги ,а  бизнисот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобар живот за населението, побрз проток на стоки и услуги ,а  бизнисот ќе може да создаде амбиент за развој на стопанство   – најавата за градежна офанзива и изградба на автопатот Кичево – Охрид и завршување на изградбата на коридорите 8 и 10 д од министерството за транспорт бизнисот ја поздравува, но и предупредува дека по завршување на тековните проекти мора да се работи за подобрување на домашната оператива, односно домашните компании да бидат вклучени во идните проекти.

Изведбата на автопатите ќе значи дека населението ќе има подобри услови за живот, дека конекциите ќе бидат побрзи и дека бизнисот ќе има предуслов да створи бизнис амбиент, но тоа се тековни проекти. Мора да алармираме дека домашните компании мора да го најдат местото, да не е како до сега во време на рекордно високо ниво на инвестиции , секторот да брои под 50 илјади вработени, вели Андреа Серафимоски

Ситуацијата во секторот е на загрижувачко ниво . Дури 96 отсто од капиталните инвестиции ги работат странските компании, а само 4 отсто домашните комапании, што е една од главните причини зошто во време на рекорден инвестиции во инфраструктурата, македонските компании опаѓаат со квалитет и се се помалку конкурентни. Градежниците ја поздравуваат пораката од министерот за транспорт Александар Николоски, дека во иднина негова лична заложба ќе биде да мора домашните компании да бидат вклучени во крупни проекти.

Реклама

Не знаеме дали радоста повеќе ни годи затоа што се слушна гласот на градежниците, или заради тоа што некој државник и некоја постава мисли за доброто на државата, се што бараат градежниците е за да имаме посилна стопанска гранка, да имаме посилна економија се со цел и државниот буџет да го богатиме и да постигнеме конкурентност, вели Серафимоски.

Според најавите од министерството за транспорт, и покрај техничките и административните проблеми автопатот Кичево – Охрид  кој се гради веќе една деценија ќе биде завршен во 2026 година, а пак изградбата на коридорите 8 и 10 д ќе продолжи, но во корист на Македонија.  Николоски вели лично ќе се  заложел за да се добијат што е можно повеќе километри автопат за потрошените пари. Коридорите веќе исцицаа од државната каса 240 милиони евра за подготвителни работи од претходната влада.