Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Бизнисот со остри критики дека власта немала слух за нивните приоритети и проблеми

Бранко Азески удри по министрите. Ми доаѓате тука и наводно ги слушате…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бранко Азески удри по министрите. Ми доаѓате тука и наводно ги слушате нашите проблеми, а всушност немате респект кон оваа институцција. Со остар тон првиот човек на најголемата бизнис асоцијација во Македонија испрати порака до владата дека не ги слуша нивните приоритети и проблеми.

„Тој дијалог не може да биде како досега. Таа прикаска треба да заврши ако викаме дека економијмната е таa која треба да е во центартот на вниманието, другите работи треба да ги оставиме на страна“, рече Бранко Азески.

Азески рече дека владата со министрите често пати барале мислење од стопанството за работи кои веќе самите си ги донеле и дека немале почит кон институцијата која тој ја води.

Реклама

„Ти треба да имаш респект да влезеш во оваа куќа. Ако го немаш тој респект не влегувај. Значи ако не ти треба таква институција избришија, точка немој да си го губиш времето. Значи не само што не успеваме да изградиме традиција, туку сме едни пред изборите, други по изборите“, додаде првиот човек на Стопанската комора на Македонија.

И експертите се согласуваат со него. Велат на функција доаѓаат луѓе без искуство. Досега бизнисот е тој кој ја следел политиката наместо обратно. Треба да се води повеќе сметка за приватните фирми и тие да се фаворизираат пред странските. Реформи нема, поради немање политичка волја и капацитетот на администрацијата.

„Главниот изговор зошто доволно реформи не се споредуваат. Или нема доволно политичка поддршка или во поново време се почесто се истакнува проблемот со капацитот на администрацијата. Многу квалитетни луѓе си заминаа од јавниот во приватниот сектор“, рече професорот на Правниот факултет Александар Стојков.

„Ние имавме ситуација кога компаните со прогресивното одначување па сега со солидарниот данок на крајот од годината кога тие веќе ги имаат направено финанските планови за наредната година оддеднаш да разберат дека же имаат нова давачка која ги попреметува во нивното работење, односно дека треба да се прилагодуваат. Тоа прави  тоа прави неизвесен амбиент за работа“, рече советник во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора на Македонија Зоран Јовановски.

Стопанската комора на Македонија денеска организираше трибина и промоција на книгата „Стратешки документи на Комората“, на која се зборуваше за промена на досегашниот модел на економски развој. Комората смета дека е крајно време за промени до кои може да се дојде преку модерна реиндустрилизација и структурна трансформација на македонската економија, сузбивање на сивата економија и декларација за општествен консензуз за економски реформи и политики и мерки.

Љубиша Владимиров