Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Бизнис плановите на Албанија може да значат крај на трепението на УНЕСКО за заштитениот статус на Охрид

Мегаломанскиот проект за Поградец во кој Албанија ќе инвестира милиони евра, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мегаломанскиот проект за Поградец во кој Албанија ќе инвестира милиони евра, а предвидува изградба накомплекс згради,луксузни хотели со 5 ѕвезди, шеталишта,мостови и пристаниште за закотвување на чамци и јахти во Охридското езеро,ќе го загрози статусот и на Охрид под капата на Унеско-алармираат албанските експерти за заштитени подрачја. Потсетуваат дека двете соседни земји Македонија и Албанија подеднакво ја споделуваат одговорноста за Охридско, откако во 2019-та под заштита на Унеско беше ставен и албанскиот дел на езерото.Од тука Комитетот за светско наследство во пакет го разгледа статусот на заштитените подрачја на двата прекугранични градови.На тркалезната маса која се одржа токму во Албанија тамошните експерти и невладини здуженија силно се спротивставија на реализација на проектот наречен “Поградец Марина“.

„Македонската страна нема информации за сите инцијативи што ги има албанската влада за регионот и затоа ние сме многу заинтересирани да ја сензибилизираме не само албанската влада па и македонската влада, затоа што ова индирекно го имплицира статусот не само на албанскот дел на Охридското езеро туку целото Охридско езеро.Цел слив ќе има импакт од овие чудни инцијативи што вистина мене не ме охрабрува дека ќе имаме одржлив развој на регионот”, вели Аријан Мероли-експерт за заштитени подрајча.

Битката за профит и економски напредок не смее да ги загрозува вредностите на Охридско,тоа Унеско повеќе нема да го толерира,се огласија и македонските експерти.

Реклама

„Па Унеско не требаше да биде толерантен во сите претходно сесии или оценки на состојбата со Охридското езеро.Што се однесува до Охридското езеро до водата и растителниот и животински свет,тие се наоѓаат во релативно голема загрозеност”, вели Трајче Талевски, природонаучник

Регионот со години е под постојан притисок од повеќе закани. Од големи инфраструктурни проекти, зголемено загадување до неконтролиран урбан развој и крајбрежна експлоатација.

„Она што е важно дека системот мора да проработи, а системот е контрола на она што се гради.Верувајте има поборници кои викаат мораториум на градба.Не е тоа решение одма ви кажувам најодговорно.Мораториумот на градба ќе даде уште поголеми проблеми, контролината градба е решението”, вели Сашо Коруноски,универзитетски професор.

Сè додека има моќници за кои езерото е буниште и институции кои не знаат што им е работа, Охридско Езеро ќе биде постојано „во опасност”,ова е единствен став и на албанските и на македонските експерти.

Новинар Росица Голабоска