Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Бизнис идеи за решавање на секојдневните проблеми – Средношолците со борбен дух за награда од еден милионер денари

Средношколци нудат решенија за проблеми кои возрасните со години па и децении…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средношколци нудат решенија за проблеми кои возрасните со години па и децении ги одложуваат. Како паметно да се трошат парите, стратегија за инвестирање, тргување, купување недвижнини или криптовалути, креирање платформи за да се пријавуваат небезбедни точки – како темни улици, оштетени премини, диви кучиња или запуштени пешачки патеки, апликација за слободни паркинг места но и систем што открива неправилно паркирање – македонските тинејџери со оригинални идеи за секојдневните проблеми што им создаваат главоболки на граѓаните.

  • „Е апликација која со сензори детектира дали паркинг местото е зафатено или слободно. Потоа тие информации ги испраќа на апликација која е достапна за сите возачи и со ова ќе се реши еден од најголемите проблеми во Македонија – паркирањето. Нашиот план е да направиме договори со сите општини и нашиот систем да биде поврзан со наплаќање на јавните паркинзи “ вели ДАНИЕЛ ЗАХАРЧЕВ – Тим „Паркирај паметно“
  • „Нашата бизнис идеја е начин на кој основците добиваат поквалитетно образование за да не учат само напамет, туку ќе учат преку разбирање“ рече ДАВИД МИЛОШЕВСКИ – Тим „Памен пакет“
  • „Нашата бизнис идеја треба да победи затоа што ако не оваа идеја не можеме да ја промениме иднината на младите, и ако не сега – нема кога, ако не е нашиот тим – нема кој “ рече ИВАНА МИЛОШЕВА – Тим „КешКидс“
  • Нашата идеја треба да победи затоа што се адаптира на новите AI системи, не ги користи за да направи зло, туку да направи добро. Многу луѓе вештачката интелегенција ја концепираат како опасност, ние даваме решение. Го претставуваме како нешто што не е опасно, туку како помош за бизнисите и на просечниот човек“ вели ЈОВАН ТАЛЕВСКИ – Тим „Stay be“

Сензорски систем за детекција на опасности, апликација за брзи медицински насоки, дигитален дневник за ментална хигиена, но и лесно наоѓање слободно место за вработување  – голем натпреварувачки дух помеѓу средношколците за да дојдат до милион денари- награда за најдобра идеја што ја доделува „Бреинстер“.

  • „Нашата идеја треба да победи затоа што е нешто што го немало во регионот и нашата држава, и затоа што сосема се контрира со досегашните начини на вработување и со борбата на непотизам. Затоа што сите треба да имаат еднаква и фер шанса за да се вработат“ рече ДИМОВ АНГЕЛ – Тим „Edulink“
  • „Нашата идеја е да креираме платформа со која ќе создадеме побезбедни улици“ рече ТИЈАНА ПАВЛОВА – Тим „Safe street“
  • „Сигурно сте биле во ситуација кога сте чекале многу долго да се јавите на некој од операторите и сте немале интернет, а ви требало, и токму тоа ќе го замени – и затоа сметам дека нашата идеја е навистина потребнаОЛЕГ ЈОВАНОВСКИ – Тим „Револа“

По селекцијата од 400-тини бизнис идеи, најдобрите 20 денеска имаат своја презентација. Само за 10  бизнис идеи има место во големото финале утре пред реални инвеститори, ќе се борат за наградата од 1.000.000. Најдобрите добија поддршка и од граѓаните со собрани над 34.000 гласови од цела држава.

Реклама
  • „Јас многу среќен поголем дел од идеите се поврзани со вештачка интелегенција, бидејќи тоа е трендот. Вообичаено слушаме идеи кои се претходната ера, но сега поголемиот дел се поврзани со вештачка интелегенција“ вели Петар Ниновски  – основач и извршен директор на Бреинстер групацијата

Настанот е дел од иницијативите со кои Бреинстер ја спроведува својата визија за подобрување на бизнис климата, претприемачкиот екосистем и кадровските капацитети во Македонија во време на новата технолошка револуција, и конкретно, ги охрабрува младите да развиваат препознатливи бизнис идеи со реален потенцијал, поддржани од ментори, претприемачи и бизнис лидери.