Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Економија

Бислимоски: Во текот на зимава не може да очекуваме дека ќе имаме вишоци на електрична енергија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) веќе почна да ги менува лиценците на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) веќе почна да ги менува лиценците на фотоволтаичните електрани кои инсталираа батерии, но сепак во текот на зимава не може да очекуваме дека ќе имаме вишоци на електрична енергија, бидејќи тогаш се зголемува потрошувачката пред се кај домаќинствата зашто голем дел од нив се грејат на струја, посочи денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

-Заклучно со ноември имаме нови дополнителни 210 мегавати од обновливи извори на енергија од кои 44 мегавати е една ветерна електрана во Демир Капија, која е во пробна работа и произведува електрична енергија, а останатите се фотоваолтаици. Во 2026 година очекувам домашното производство на електрична енергија од обновливи извори да расте, но сепак треба да ги почекаме податоците за 2025 и за 2026 година, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Сепак, додаде, факт е дека се повеќе и повеќе се инвестира во обновиливи извори на енергија (ОИЕ) и за последниве четири години имаме околу 1.200 мегавати нови капацитети од ОИЕ.

Реклама

-Тоа го зголеми инсталираниот капацитет за производство на електрична енергија за 36 проценти и согласно податоците за 2024 година за првпат во Македонија 55 проценти од инсталираниот капацитет е од ОИЕ, а 45 проценти се од термоелетраните и од гасната електрана во Скопје. Во 2025 година сигурно ќе биде поголем од 55 отсто процентот на инсталирани капацитети од ОИЕ, прецизира Бислимоски.  

Во 2024 година, како што кажа, 40 отсто од вкупното производство на електрична енергија во државата беше од обновливи извори на енергија.

-Сигурен сум дека тој процент во 2025 година ќе се зголеми, а и во 2026 година исто така поради тоа што се изградија голем број на фотоволтаични електрани во државата, порача Бислимоски.