Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Билатеризацијата/бугаризацијата го зголеми евроскептицизмот кај младите: Само 41% со позитивен став кон ЕУ

41 процент од младите во земјава ја доживуваат Европската Унија позитивно, 24…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

41 процент од младите во земјава ја доживуваат Европската Унија позитивно, 24 проценти имаат негативен став за Унијата, додека нешто над една третина или речиси 35 проценти од младите се неутрални, што јасно укажува на отворен простор за дејствување, но и на отсуство на конкретно доживување или поврзаност со ЕУ вредностите.

Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од земјава потврдуваат постоење на евроскептицизам помеѓу младите луѓе, различни очекувања за членството во ЕУ, како и голем број можности и активности кои можат да се преземат од страна на националните и ЕУ институциите во соработката со младите луѓе на овој план. Истражувањето е дел од поширока анализа за ставовите на младите кон Европската Унија и се реализира во рамки на соработката меѓу Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП Скопје), Европскиот Центар за извонредност (ECE Брисел) и германската Фондација за слобода „Фридрих Науман“, а во соработка со македонската младинска платформа „Студентарија“.

Во поглед на иднината на земјата во Унијата, податоците се мошне скептични. Речиси половина од испитаниците, односно 46.5 проценти, не веруваат дека Македонија воопшто ќе стане земја-членка на ЕУ. 35.8 проценти сепак се изјаснуваат дека македонската евроинтеграција ќе се случи, но во подалечна иднина, додека само 6.7 проценти веруваат дека тоа може да се случи во следните пет години, а останатите 11 проценти не знаат, односно немаат став по ова прашање.

Реклама

Корупцијата е убедливо посочена од младите од земјава како најголема пречка за европската интеграција, со 84.6 проценти од испитаниците што ја избрале оваа опција. По неа следат билатералните спорови (61 процент) и ниската доверба во институциите (60 проценти) – фактори кои јасно покажуваат дека младите ја препознаваат внатрешната политичка состојба како клучен предизвик за приближување кон ЕУ, но и очекуваат конкретни чекори од националните институции во борбата против корупцијата како основа за подобри услови за живот и останување на младите во земјат