Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Бидете внимателни!: Народната банка ги информира и ги предупредува граѓаните

Народната банка ги информира граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка ги информира граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства.

Народната банка апелира до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности на барање од непознати лица. Доколку имате добиено или ако во следниов период добиете неочекувани телефонски повици, е-пошта или СМС од сомнителни адреси или телефонски броеви во коишто ви се нуди нешто што не делува реално и вистинито, или ако од вас се бара откривање на личните податоци, не започнувајте комуникација во којашто ќе ги дадете вашите лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка.

Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку друго комуникациско средство (електронска пошта или преку социјалните мрежи) од лице за кое се сомневаат дека лажно се претставува во име на Народната бaнка, веднаш да го пријават случајот во Народната банка преку официјалната е-адреса: [email protected]