Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Безгрижна година за Ковачевски и Спасовски, секој месец ќе добиваат по 2500 евра апанажа, граѓаните бараат да се укине

Тивко, без голема врева на комисиска седница владејчкото мнозинство ги обезбеди екс…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тивко, без голема врева на комисиска седница владејчкото мнозинство ги обезбеди екс премиерот Ковачевски и поранешениот министер Спасовски со апанжа од 2 ипол илјади евра во следните 12 месеци. Седум народни избраници изласаа и службено возило за поранешниот претседател на Владата. Само еден ден откако ја напуштија Илинденска, Ковачевски и Спасовски доставиле барање за апанажа до Комисијата на изборите и именувањата која пак на 6-ти февруари даде зелено светло.

Тие што го достигнаа дното не заслужуваат апанажа – граѓаните гневни за собраниската одлука Ковачевски и Спасовски да добијат апанажа од народни пари. Бараат и укинување на апанажата за фунцкионерите.

Нејасно е и како во суштина Ковачевски и Спасовски добија апанажа кога Уставниот суд лани одлучи дека таа не им следува на функционери кои се разрешени или си поднеле оставка, како што е случајот со екс премиерот и екс министерот – тие се повлекоа за да се формира техничката Влада.

Реклама
  • „Пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има сите права од член 19 на овој закон. Лицата од став 1 на овој член, додека го остваруваат правото на плата, имаат право и на надоместок за користење на годишен одмор“. – Пишува во укинатиот член 22.

Од Антикорупциска комисија уште во 2021 од Владата, како и од Собранието барааа да се сменат правилата за исплата на апанажа односно да се пропишат општи правилници со кои ќе се регулира користењето на буџетските ресурси.

Платите од 2 ипол илјади евра доаѓаат откако лани во мај функционерските приходи рипнаа за 78 проценти. Иако Илиндеска повеќе пати ветуваше дека ќе ги намали коефициентите за пресметка на месечните примања, не го стори тоа и по речиси една година.

Викторија Миткова