Реклама
Македонија

Без вода дел од Ново Лисиче

Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците лоцирани на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Видое Смилевски – Бато“ број 55, од ниска зона. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на приклучна водоводна цевка Ф-80 милиметри на истата адреса. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.