Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Без проблеми течат подготовките за двојните избори, ДИК потврди дека ќе се гласа и со истечени лични документи

Со истечени лични карти и пасоши граѓаните ќе можат да гласаат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со истечени лични карти и пасоши граѓаните ќе можат да гласаат на претстојните претседателски и парламентарни избори, потврдија денеска од Државната изборна комисија. Според ДИК право на глас ќе имаат сите оние лица кои имаат наполнето 18 години, заклучно со денот на изборите. Од ДИК велат дека право на глас ќе имаат сите оние со валидни, но и истечени документи ,односно пасоши и лични карти , во изминатите 9 месеци до денот на гласање. Практично ова значи дека иако некој има документ со старото уставно име сепак ќе може да гласа, а ќе може да гласаат и оние кои имаат истечен рок на личните документи.

Ова би значело дека на претседателските избори на 24 април, гласачите би можеле да се идентификуваат со важечки лични документи, меѓутоа и со лични документи чија што важност истекла почнувајќи од 24 јули 2023. За парламентарните избори може да се идентуфукуваат гласачите со важечки лични документи, меѓутоа и со лични докуметни кои по било кој основ истекла во периодот од 8 август 2023 заклучно со 8 мај, соопшти Љупка Гугутчевска – портпатол на Државната изборна комисија.

Со оглед дека годинава имаме двојни избори, се поставуава прашањето дали право на глас ќе имаат оние лица кои би наполниле 18 години во периодот од 24 април- првиот круг на претседателските избори и 8 мај – вториот круг на претседателските избори и парламентарните избори. Од Државната изборна комисија појаснуваат дека оние граѓани кои ќе наполнат 18 години во периодот меѓу претседателските и парламентарните избори ќе бидат впишани во избирачкиот список само за парламентарните избори, но не и за вториот круг на претседателските.

Реклама

Дали и како ќе се гласа за изборите во дијаспората, од ДИК велат за да биде отворено гласачко место во конзуларна канцеларија во странство, треба да бидат пријавени најмалку 10 гласачи. За да биде избран пратеник од седма изборна единица, треба да освои гласови колку што најмалку гласови имал пратеник од државата на последните избори – тоа значи дека треба има најмалку 5355 гласачи треба да има вкупно регистрирани во сите дипломатски канцеларии во странство, за да има организирање на вакви гласови.

Од Државната изборна комисија апелираат граѓаните да се проверат во избирачкиот список, односно, доколку е потребно, да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од списокот за претстојните претседателски и парламентарни избори.