Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Без отстапки од позициите, но со посветеност кон решение за деблокана на Евроинтеграциите

ПремиеротХристијан Мицкоски потврди дека владта е целосно подготвеназасуштински разговоринасочени кон деблокада на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ПремиеротХристијан Мицкоски потврди дека владта е целосно подготвеназасуштински разговоринасочени кон деблокада на евроинтеграциите, ноистакна дека нема да имапопуштањеод тековнатапозиција. Премиерот нагласи дека клучен предуслов за напредок евзаемна подготвеност, посочувајќи ја Бугарија како страна што треба да демонстрира волја за конструктивен дијалог.

„Не можам со сигурност да кажам дали ќе има напредок во процесот на евроинтеграции, но она што го знам е дека ќе направиме сè што е во наша моќ за да го претставиме нашето прашање точно такво какво што е, пред сите релевантни светски авторитети. Тоа веќе го направивме. Дали ќе се постигне некаков напредок? Навистина не знам. Дали ќе има промена во нашата позиција? Не, нема да има никаква промена, бидејќи нашата позиција е базирана на принципи и аргументи, и тоа го имаме кажано повеќе пати. Ако постои волја, постои и начин. Но, мора да разбереме дека успехот не зависи само од нас, затоа што за танцување секогаш се потребни двајца, а понекогаш дури и повеќе. Во овој случај, треба да имаме соговорник кој ќе биде подготвен за дијалог. Ние сме подготвени. На секое место ја презентираме нашата позиција и досега не сме слушнале никакви аргументи кои ја оспоруваат, ниту пак пристап од типот ‘земете или оставете’. Тоа повеќе не е случај. Сега, наместо тоа, пристапот е: ‘ајде да најдеме решение’. И ние велиме: да, подготвени сме да најдеме решение. Дали тоа ќе се случи за еден месец, два или шест месеци, не можам да кажам. Но дали ќе направиме сè што можеме? Да, апсолутно. Ќе видиме како ќе се развиваат работите.“ изјави Мицковски

Мицкоски најави дека до крајот на декември ќе го посети Брисел два пати, надевајќи се на позитивен исход преку засилен дипломатски ангажман. Тој нагласи дека нема да има отстапување од позициите, но дека е важно македонските аргументи да бидат правилно претставени пред европските партнери.

Реклама

„Ќе се бориме, затоа што ништо нема да се случи само од себе ако седиме пасивно со скрстени раце или ако се предаваме со бело знаменце, како што тоа можеби беше случај во минатото. Ќе продолжиме да се бориме, бидејќи животот сам по себе е борба. Важно е да се стремиме кон победи, а јас верувам дека постепено, од поразите кои ги доживувавме во последните седум години, полека излегуваме од таа состојба на летаргија и почнуваме да остваруваме мали, но значајни победи.“ изјави Мицковски

Според него, позицијата „земете или оставете“ повеќе не е присутна во европските преговори, а актуелниот пристап се фокусира на барање компромисни решенија. Мицкоски порача дека Македонија ќе продолжи да се бори за своите европски перспективи, без да се откаже од принципите и позициите. Напредокот во евроинтеграциите ќе зависи од заедничката подготвеност за компромис и споделена визија за иднината.

Даниел Ѓорѓевски