Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Без конкурс, без лиценца, без документи – Како се назначуваат директори во скопските училишта?

Без конкурс, без лиценца и без никаква документација се избираат директори во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без конкурс, без лиценца и без никаква документација се избираат директори во дел од училиштата низ Скопје. Таков пример е двојазичното О.У. „Братство“ од општина Карпош, кое неколку пати до сега го поништува конкурсот поради избор на директор кој незаконски конкурира на јавните повици.

Алфа дојде до документи на кои јасно се гледа дека потенцијалната кандидатка Рухие Сали нема ниту целосна документација, иако директорувала еден мандат. Поради тоа, сега Општината ја назначува Лидија Серафимова, односно „ја фрла во огин“ без нејзина желба и без распишан конкурс.

Како што сведочат вработени наставници кои ги донесоа документите и сакаа да останат анонимни, ниту Лидија нема комплетна документација.

Реклама

Aктуелната в.д. директорка на О.У. „Братство“ од скопски Карпош не ги демантираше информациите од вработените до кои дојде Алфа. Не прими во нејзиниот кабинет и детално ни ја објасни целата ситуација.

– Изборот на директор во О.У. „Братство“ направи голем раздор во школото, и буквално го скара персоналот и наставниците, кои добар дел не разговараат едни со други поради пропаднатите конкурси. Се надевам дека периодов ќе се избере директор, за јас да се вратам на моето работно место, одделенски наставник, и конечно школото да функционира во мир и хармонија, вели Серафимова за Алфа.

Серафимова ни кажа дека е назначена за в.д. откако претходно пропаднал конкурсот, каде аплицирале и други кандидати, меѓу кои и Рухие Сали, која без сертификат за англиски јазик конкурирала за директор.

Од документите од Државниот просветен инспекторат јасно се гледа дека Рухие Сали е одбиена, зашто немала комплетна документација. Што се случило потоа со документите не се знае.

Во меѓу време инспекторите го разрешуваат училишниот одбор, и назначуваат нов, кој деновиве треба да распише нов конкурс. И според нашите извори се очекува повторно апликација на Сали. Дали тоа ќе се случи, ќе разбереме наскоро.

Борис Грујоски