Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Беше во Бугарија, сега доаѓа во Македонија – Што ќе понуди Кошта за приближување на ставовите меѓу Скопје и Софија?

Колку и е важен Балканот на Европската Унија и како до брза…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колку и е важен Балканот на Европската Унија и како до брза интеграција ќе бидат теми во фокусот на западнобалканската турнеја на  претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Турнејата ја започнува од Белград, а во четврок доаѓа во Македонија. Ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

Според уверувањата на сите челници на Унијата, проширувањата се високо на агендата, но од Владата постојано алармираат тоа да се докаже и на дело. Какви гаранции ќе донесе Кошта во однос на македонските евроинтеграции, останува да се слушне в четврок, со оглед на фактот дека власта постојано бара сигурност  од Брисел дека внесењето на Бугарите во македонскиот Устав ќе биде последното барање кое би се реализирало со одложено дејство. Софија не испраќа такви сигнали, напротив споменува и нови услови. Но се очекува поцврст од Унијата во корист на Македонија. Инаку, минатиот месец претседателот на Европскиот совет беше во Бугарија каде од прва рака ги слушна ставовите на тамошната власт.

Кошта на стартот од мандатот се сретна со лидерите од Западен Балкан, а неговите изјави се во насока дека иднината на овој регион е во ЕУ. Како што објави премиерот Мицкоски лани во декември, средбата ја искористил за лобирање и претставување на позициите на Македонија во однос на европските интеграции и можноста за нивното забрзување.

Реклама

Пред почетокот на турнејата, Кошта рече дека ќе ги слушне државните позиции на земјите кои ќе ги посети и да се поразговара з апредизвиците со кои се соочуваат.

  • „Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично. Постои јасен моментум за проширување, но моментумот бара посветеност, “ истакна Кошта.порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја.

Првите средби на Кошта се во Србијасо српскиот претседател Александар Вучиќ, со премиерот Ѓуро Мацут и со членови на Народното собрание на Србија.

Од Белград ќе отпатува за Сараево, а во среда, Кошта е предвидено да биде во Подгорица, а попладнето ќе отпатува за Приштина. Од таму доаѓа во Македонија на средби со државниот врв и  ќе замине за Тирана .В петок во Тирана, Кошта ќе биде кодомаќин на шестиот самит на Европската политичка заедница, чија тема е „Нова Европа во новиот свет: Единство – Соработка – Заедничко дејствување“.

Самитот ќе се фокусира на безбедноста, а лидерите учесници на собирот ќе ги споделат своите визии за иднината на Европа, кој има за цел зближување земјите од европскиот континент и обезбедување платформа за подлабока политичка координација меѓу нив.