Реклама
Македонија

 „Беса транс“ стигна до Оливер Спасовски: МВР го гони затоа што не ја затворил веднаш станица за технички преглед

Потписот кој требало да го спречи функционирањето на техничкиот преглед во Сарај,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потписот кој требало да го спречи функционирањето на техничкиот преглед во Сарај, каде се проверувале автобусите на „Беса транс“, бил на Оливер Спасовски. Но тој три месеци одолговлекувал, со што станицата „Виа Комерц“ од Глумово незаконски ќарила 90 илјади евра. Сепак, МВР засега не го гони директно како функционер кој можеби има одговорност за трагичната несреќа кога автобус на оваа компанија изгоре во Бугарија и со себе однесе 45 животи.

Од претходно познати информации, на 12 август 2021 година тимовите на МВР утврдиле дека во „Виа Комерц“ контролите ги вршат нестручни лица и не се водат неопходните регистри, но Спасовски не го потпишал решението. На 5 октомври, истата година, во оваа станицата поминува технички преглед и автобусот на „Беса транс“ кој изгоре во Бугарија на 23 ноември. Спасовски решението за забрана за работа на станицата го потпишал три дена подоцна на 26 ноември, дури откако јавноста збесна поради загубата на 45 луѓе.

  • Истиот, иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот, не ја извршил својата службена должност согласно чл.65 ст.3 од Законот за возила и чл.5 од Правилникот за начинот и постапката за донесување и одземање на решението за овластување на правното лице за технички преглед на возила и за категории на возила за кои се издава овластување за технички преглед на возила“ стои во кривичната пријава на МВР.

Во 2022 година, обвинителството отвори предистрага, беше одземена документација од неколку сектори во МВР кои го изврпшиле надзорот во станицата за технички преглед и го изготвиле решението за забрана. Обвинителски тим влезе и во станицата. Но, оваа предистражната постапка за евентуална вина на ексминистерот Спасовски за несреќата во Бугарија била затворена во 2023 година. Од обвинителството велат дека не нашле докази за негова инволвираност, односно елементи на кривично дело кое се гони по службена должност. 

Реклама

За овој случај пред една година кривична поднесе иАнтикорупциската комисија. Комисијата утврдила дека ексминистерот не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот кој извршил контрола и утврдил неправилности во работењето на станицата, тој не издал наредба во предвидениот рок од станицата да ги отстранат неправилностите, туку истата ја издал по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија.

Инаку, скопскиот кривичен суд, го осуди сопственикот на компанијата „Беса транс“, Беким Хаџиу, на казна затвор од една година и осум месеци за „фалсификување исправа“, а фирмата беше казнети со 800.000 денари и забрана работа четири години.