Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Берсе: Работиме на спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права донесени против Бугарија

Работиме на спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права донесени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работиме на спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права донесени против Бугарија – изјави денеска генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

– Не е само важна улогата во донесувањето на одлуките на Судот за човекови права, туку и во нивно спроведување. Во случајот што го споменавте за Бугарија, знаете дека имаме преглед на одлуките што сè уште не се извршени. И работиме на ова. Постигнавме одреден напредок, би рекол, во последниот месец, потребно е малку време, но знаете, мислам, стабилноста на процесот е исто така важна затоа што мора да биде повеќе од само симболично решение – рече Берсе.

Според него, постигнат е одреден напредок во последните 12 месеци и посочи оти прашањето ќе го разгледа Комитетот на министрите порано оваа година со цел да спроведувањето на одлуиките да стане реалност.

Реклама

– Вие сте целосно во право, беше предолго извршувањето. Тоа е јасно. Но продолжуваме да работиме на ова и се надевам дека ќе имаме позитивен резултат многу бргу – додаде Берсе.

Во однос на забраната за влез во Бугарија на десет години на адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува Македонците од Бугарија пред ЕСЧП, Берсе рече дека не може да коментира конкретен случај, но, вели, заштитата на адвокатите е од суштинско значење во едно општество.

– И токму затоа Советот на Европа разработи специјална Конвенција за заштита на адвокатите од непријателски дејства, не знам дека и Македонија ја има потпишано оваа Конвенција, не се спроведува сè уште бидејќи е во фаза на разработка, но и Комисијата за човекови права ќе може да ја заврши својата работа и во овој случај да ја процени ситуацијата – рече Берсе.

Во однос на одлуките на ЕСЧП, Муцунски, од своја страна, рече дека ние сме држава што доследно ги применува пресудите на судот.

– Тоа не е секогаш пријатно и лесно на државата, но како што кажа во претходната изјава, Европската конвенција и пресудите на судот, покрај имплементација на заеднички простор на водење на правото, се и морален компас за земјите членки. И колку и тоа да не е лесно, обврска на земјите членки е тоа да го прават. Во однос на конкретните предмети, државата, иако не е странка во постапките, за жал, тоа е нешто од минатото што не можеме сега да го поправиме, сепак сме земја членка на Советот на Европа и ние нашите перспективи во однос на ова прашање ги даваме во рамките на Комитетот на министрите како земја членка на Советот на Европа и очекуваме дека сите земји членки ќе си ги преземат своите обврски во согласност со Конвенцијата – рече Муцунски.