Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Бектеши конта Битиќи за скандалозните „стратешки“ инвеститори во енергетиката

Нов раскол на „Илинденска“. Министерството за економија не било вклучено во преговарањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов раскол на „Илинденска“. Министерството за економија не било вклучено во преговарањето за таканаречените стратешки инвестиции и не било предлагач на законите за кои има предупредувања дека ќе „удрат“ по енергетската независност и ќе предизвикаат сериозни финансиски штети на државата. Министерството ќе бара отчет од „преговарачите“ за една од инвестициите. Оттаму не сакаа да прецизираат точно која инвестиција е проблематична, но се алудира на изградбата на комбинирана гасна централа во Скопје од грчки Митилинеос, според тоа дека за нив е спорна државната помош. Тие единствени добиваат 50 милиони евра од Владата во кеш. – ваков пример, велат немало никаде во регионот и пошироко.

Тоа што би било спорно е за лиценцирани , рентабилни, профитабилни инвестиции да се дава  директна државна помош од страна на Владата, заради тоа што таквите инвестиции кои веќе имаат, индиректно вид на помош било тоа да се фидинг тарифи или договори за откуп на електрична енергија значи веќе ја користат државната помош од Влада  . Двојно да се дава државна помош би било спорно, никаде го нема тоа, велат од Министерството за економија

Објаснувањето за државната помош според директорот на ТИРЗ беше дека тоа било еден од начините како да ја привлечат грчката инвестиција. 50-те милиони ќе се даваат наводно по динамика на реализирање. Од она што досега можеше да се види за оваа инвестиција, Македонија веројатно се согласила на се што побарале.

Реклама

Министерството за економија ако е потребно ќе побара  и формално-пранво враќање во Влада согласно мислењата на институциите меѓу кои и Државното правобранителство од каде Алфа веќе три дена се обидува да дознае како постапиле за предлог – законите.

„За одредени инвестиции, моментално се три, за една од нив има сомневања дека треба да се репреговара, бидејќи ние како Министерство за економија не сме биле директно вклучени во преговарањето. Мислиме дека треба се репреговара со потенцијалниот стратешки инвеститор за одредени работи имајќи во предвид мислењата од надлежните институции каде што се вклучени Државниот правобранител, Комисијата за заштита на конкуренција, Министерствата за финансии, за транспорт и врски, земјоделие, животна средина, потоа ЕСМ, МЕПСО и други институции кои треба дополнително да го дадат своето мислење, велат од Министерството за економија

Предлог – законите веќе го поминаа првиот собраниски филтер, а со истите инвеститорите ќе имаат многу поволности. Од закуп на земјиште по многу ниска цена, ослободување од давачки до загарантиран откуп на произведената енергија. Инаку, ова не е прв случај кога Владата турка закони без да го земе предвид мислењето на релевантното министерство. Последен беше примерот со Законот за рестриктивни мерки каде законот беше пуштен во Собрание и покрај негативно мислење од Министерството за правда.