Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернатива

Пратеникот  Беким Сали кој е предложен за вицепремиер и министер за европски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот  Беким Сали кој е предложен за вицепремиер и министер за европски прашањае е избран за вршител на должноста претседател на политичката партија Алтернатива, откако досегашниот лидер Зеќирија Ибрахими поднел неотповиклива оставка на вчерашната седница на Централното собрание на партијата.

Ибрахими во објавата на Фејсбук, каде информира за оставката, посочува дека таа е резултат на неговите политички убедувања и визија, а не поради внатрешно незадоволство. Според него, неодамнешните случувања во коалицијата ВРЕДИ барале нов ритам и ново водство, додека самиот тој планирал да не се кандидира за реизбор на конгресот следната година.

Тој нагласува дека ВРЕДИ влегла во фаза каде што „се бара нов политички проект, нова визија и нова енергија“, оценувајќи дека исполнил дел од својата политичка мисија за „отстранување од сцената на старата политичка класа, која ја смета за одговорна за деградацијата на застапеноста на Албанците во земјата“.

Реклама

Ибрахими во објавата ги наведува достигнувањата на Алтернативa за време на неговиот 11-годишен политички ангажман – од промовирање конзервативни политики, одбрана на културниот и националниот идентитет, до воспитување на нова генерација политичари во партијата. Тој вели дека се повлекува со чувство на гордост, нагласувајќи дека неговиот ангажман не е мотивиран од моќ, туку од интелектуални и политички убедувања. Упати благодарност до сите соработници, колеги од Алтернатива и ВРЕДИ, како и до своето семејство и побара прошка од сите кои, како што вели, можеби ги навредил во политичката дебата и посочува дека тој лично никого не смета за непријател.

Иако се повлекува од лидерската позиција, Ибрахими истакнува дека останува подготвен да придонесува во партијата и во ВРЕДИ преку едукација на младите и пренесување на своето политичко искуство.