Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Беџети: Во услови на криза да се наплаќа со пропишаните норми, а да се распоредува кон загрозените семејства

Неопходно е да се применуваат исклучиво таргетирани политики во актуелната криза поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неопходно е да се применуваат исклучиво таргетирани политики во актуелната криза поради конфликтот на Блискиот Исток – смета претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети, кој порачува дека треба „да се наплаќа со пропишаните норми, а потоа да се распоредува кон загрозените семејства и другите таргет-групи“. 

На новинарско прашање, Беџети денеска оцени дека „Владата треба да стави одредена висина до кое ниво нема потреба да чепка во системските решенија во однос на ДДВ-то“.

– Можеби со 2-3 проценти за одредени нафтени деривати Косово е пониско, но сепак мора да знаеме дека просечните плати таму се пониски од нашите, така што од сите други пет земји од Западен Балкан ние имаме пониски цени. Оттука, сметам дека Владата треба да стави одредена висина до кое ниво нема потреба да чепка во системските решенија во однос нс ДДВ-то. Мислам дека акцизата е во ред бидејќи тоа сепак се наплатува на апсолутен износ и со неа може да се оперира полесно и поедноставно – изјави Беџети пред почетокот на стручната расправа „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Македонија“, што се одржува во Македонската академија на науките и уметностите, во организација на Фискалниот совет.

Реклама

Прашан какви мерки препорачува во услови на поголем скок на цената на нафтата, посочи дека сè ќе зависи колку ќе потрае кризата и како ќе се одвива понатаму. – Никој не може да знае, а најмалку ние како многу мали држави невлијателни кон овие глобални работи. Ние треба само да ги следиме и да реагираме навреме во однос на тоа што може да се направи во однос на економските политики – рече Беџети.  

Во однос на тоа кои би биле најефикасните мерки во такви услови, посочи дека припаѓа на групата економисти кои, како што рече, „во фискалните политики се залагаат повеќе да се собира, а таргетирано да се распоредува“.

– Не може да ги ослободувате и оние што 10-15 проценти имаат високо натпросечни примања по сите основи. Јас се залагам да се наплати со пропишаните норми, а да се распоредува после кон загрозените семејства, кон таргет-групи, бидејќи тоа треба да бидат исклучиво таргетирани политики – рече Беџети, кој на расправата во МАНУ одржа презентација на тема „Дали фискалните правила ги подобруваат фискалните биланси? (Емпириска евиденција од ЕУ и СРМ)“.