Реклама

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Економија

Бауш: Јавна тајна е дека се манипулира со бројки

Во Македонија не се прикажува реалната слика на задолжување. Она што статистички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија не се прикажува реалната слика на задолжување. Она што статистички се презентира на граѓаните, е поинаку од вистината, предупредуваат експертите. Намалувањето на јавниот долг од пандемијата па во текот на енергетската и економската криза е резултат на тоа што износот се пресметува врз база на инфлацијата и тоа што парите ја губат  вредноста го намалува долгот по автоматизам, а во суштина не е така.

Од сите несакани или недобри работи што ни се случуваа од пандемијата до кризите ни се случи една работа да ни се намали јавниот долг но реално да се намали туку во пресметките затоа што инфлацијата ги направи поевтини парите и кога калуклираме за  враќање на долг ние враќаме со постарата пресметка и тоа автоматски го намалува, но тоа не е реалниот долг на државата. Јавна тајна е дека некогаш знаеме да манипулираме со бројки и бројките некогаш не ја покажуваат реалноста но тоа не прави добро на никого ни на власта ни на опозицијата, вели професор Бауш.

Дополнителната заменик министерка за финансии Елена Попоска обелодени дека државата ги крие реалните бројки и јавниот долг не е 58,4% од БДП како што стои на сајтот на отворени финансии, туку дека официјална статистика измерила 62,1 процент, што ја надминува психолошката и законската граница.  Од  кабинетот на Бесими, делумно ги признаа новите бројки, но се правдаат дека објавените податоци на нивната страна се однесувале до 31 декември, а најновите податоци ќе ги земеле во предвид за новиот циклус на проекции. Од таму дека објавените податоци за јавниот долг и за дефицитот не биле променети.

Реклама

Според економистите алармантно е тоа што Македонија е единствена држава која нема стратегија за да следи на кого и што му должи и што парите се трошат за оперативни трошоци, наместо да се вложува во реални капитални инвестиции

Јавниот долг, е многу лесно да се земат пари за да се покријат сите празнини во буџетот, но е многу тешко да се врати. Само за еден процент, пресметките се од 6-8 години да се врати во првобитна состојба .  Апсолутниот износ го пресметуваме врз на база на инфлацијата и затоа не се покачува, и затоа имате апсолутно намален јавен долг, но тоа не значи реална пресметка на јавниот долг и 57 .9 нека биде тоа е висок долг, додава Бауш.

Додека СДСМ беше во опозиција постојано критикуваше за јавниот долг кој тогаш беше многу понизок. Тврдеа дека Македонија е пред грчко сценарио и должничко ропство, а откако дојдоа на власт драстично ги зголемија државниот и јавниот долг. На крајот од 2017 година државниот долг изнесуваше 38,7% од Бруто домашниот производ.