Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Балканскиот Ерусалим – Центар на вниманието во очи на Богојавление – Водици

Охрид-центарот на православието, блесна со исконска убавина. Охриѓани буквално живеат за големиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид-центарот на православието, блесна со исконска убавина. Охриѓани буквално живеат за големиот христијански празник Богојавление-Водици, бидејќи фрлањето на крстот е традиција која ја негуваат од памтивек.За оваа црковно народна манифестација,секој сака да биде во градот кој е македонската духовна престолнина.

Големата прослава во Охрид од година во година прерасна во традиција и навистина претставува еден сериозен настан кој што привлекува гости од државата,од странство и мора да се води сметка да продолжи во овај правец, затоа што чествувањето е посебно во овој наш град.Големи е влијанието и важноста на манифестацијата за развој на туризмот и секако за економскиот бенефит за градот и за нашата индустрија”-вели Тоше Чичороски,хотелиер

Од црвениот крст упатуваат на претпазливост, серизност и внимание од сите оние кои што ќе бидат дел од манифестацијата. Сите капачи кои сакаат да скокаат во осветените езерски води, пожелно е денес да се јават на медицински преглед.Оние кои чувствуваат слабост или било каков здравствен прболем да не скокаат по светиот крст.

Реклама

 “На овој голем верски празник каде што навистина имаме голема посетеност преку 2-3 илјади луѓе на гратскиот плоштад башка оние што се капат во водите на Охридското езеро од тие причини не случајано Црвениот крст и сите институции кои што се вклучени во безбедноста на овој настан придаваат сериозно и големо значење”-вели Сашо Точков-Црвен крст Охрид

Ангажирани се нуркачи,5 тимови на спасители на вода, 6 медицински тимови со 3 амбулантски возила, 2 чамци за брзо извекување.Од Црвениот крст со апел, до стотиците капачи да не пијат алкохол и да се задржуваат подолго од 3 минути, бидејќи темеператутата на водата ќе биде околу 9 степени целзиусови, а времето прилично ладно.

 “Не е суштината да се напиеме,да бидеме во алкохолизирана состојба туку напротив да бидеме достојни верници и да го почувствуваме она духовното” –вели Точков

Оваа година се враќа една убава традиција што пред децении ја воспостави Здружението „Богојавление“.Фаќачот на чесниот крст ќе добие вредна икона „Богојавленски свет“, која ја изработи охриќанецот Стефан Мошовски.Инаку годинава се обележува 35 годишен јубилеј од првата масовна организација на овај празник на охридското гратско пристаниште.Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10:00 часот од градското пристаниште, а ќе го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Новинар Росица Голабоска