Реклама
Македонија

Балансерот „зариба„: Поставувањето функционери по етничка линија е контрапродуктивно и штетно за државата

Директори и министри во Македонија – некои не знаат или не сакаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директори и министри во Македонија – некои не знаат или не сакаат да говорат  македонски, други пак немаат појма која институција ја водат, а трети од водители за малку ќе водеа дипломатија – се почести се примерите дека балансерот за вработување по етничка припадност мора под итно да оди на “ремонт”.

Скандалот на токсикологија, каде за директорка е поставена жена која не знае македонски јазик, е само дел од многуте „утки„ во поставувањето на функционери по етничка линија, без да се запазат основните критериуми, пред се законската обврска да се знае и користи македонскиот јазик.

Најголмем пример е случајот со екс министерот за животна средина Насер Нуредини, кој речиси цел мандат на македонската јавноста и зборуваше на англиски јазик.

Реклама

„Благодарам за прашање, ве разбирам многу добро, фала. Можам да се изразувам многу добро, ако сакате да знаете. Ќе се научам полека, нормално“ – рече Нуредини.

Не е само проблем познавањето на анаглиски јазик. Некои функционери дури не ни знаеа ни со која институција раководат.Таков пример беше случајот со директорот на Бирото за метрологија,Авдуљ-Селам Селами,кој мислеше дека неговата инстуитуција каде беше нанзачен за директор, ја подготвува временската прогниоза.

“Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето”, рече Селами.

Од водителка во дипломат, презентерката Бесмира Ејупи се токмеше за дипломатска мисија, но во меѓувреме јавноста разбра дека 12 илјади евра и биле исплатени на име на хонорари од неколку институции за што постои и истрага.Па затоа таа не стана генерален конзул во Њујорк.Ама утешително се вработи во МНР.

И покрај овие изјави од кадрите на ДУИ, лидерот на партијата Али Ахмети вели дека е горд на нив потенцирајќи дека се огледало на државата.

„Се гордеам со кадрите кои ни го белеат образот. Ме прават среќен затоа што се огледало на државата, а тоа ме прави неуморен да продолжиме и да одиме напред” – кажа Ахмети.

Познато е и дека Ахмети, во изминатите две децении ниту еднаш се немаше јавно обратено на македонски јазик, па во пошироката јавност долго време владееше впечаток дека причината за тоа е што веројатно не го зборува добро македонскиот јазик.