Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Бајден се повлече, дали Камала Харис влегува во претседателската трка?

Ако Бајден не може да се кандидира, не може да ја води…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако Бајден не може да се кандидира, не може да ја води нашата земја. Ова го изјави ривалот на американскиот претседател Џо Бајден, кандидатот Доналд Трамп откако тој се повлече од трката. Бура од реакции ја тресе американската политичка сцена. Откако Бајден и даде поддршка на својата заменичка Камала Харис да ја продолжи трката, политичките аналитичари во САД излегоа со своја прогноза.

Во основа Демократската партија стои силно зад африканската заедница и жените. Па така мислам дека демократите гледаат кон првата афроамеикнка која ќе биде номинирана за претседател. Во принцип, афроамериканкте се едни од најсилните поддржувачи на Демократската партија. Затоа мислам дека ќе биде голем предизвик некој да ја надмине Камала Харис, ама иста е и ситуацијата кај Републиканците, вели Мајкл Бицер политички аналитичар

Сега се чини како демократската партија е во процес на распаѓање и повторно издигање како феникс. Понекогаш мораш да изгореш до темел да ја изгориш за повторно да се издигнеш. Оваа недела ќе ни каже дали се во состојба повотрно да се издигнат или ќе останат во руини, вели Тара Њусом, политички аналитичар.

Реклама

Поранешниот претседател барак Обама рече дека Бајден е еден од најзначајните американски претседатели, како и драг пријател и партнер. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел вели дека не сака да се меша во изборот на следниот претседател на САД и му посака на наследникот на Бајден се најдобро. Се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој ја почитува како што вели „тешката, но силна“ одлука на американскиот претседател да ја прекине кампањата за реизбор на претседателските избори.

Во меѓувреме американските медиуми се преполни со информации за Камала Харис. Таа е ќерка на мигранти од Индија и Јамајка, а пред да влезе во политика била окружен обвинител во Сан Франциско. Таа беше избрана за американскиот Сенат во 2016 година и стана водечки критичар на Трамп, особено кога станува збор за неговата имиграциска политика.

Пред Бајден да се кандидира за Белата куќа во 2020 година, тој беше главен советник на претседателот Барак Обама за време на неговите осум години како потпретседател. Во 1972 година, тој ги изненади демократите со победата во трката за Сенатот на 29-годишна возраст, станувајќи шестиот најмлад сенатор во американската историја. Со наполнети 82 години во ноември, Бајден ќе биде во јавниот живот подолго отколку некои негови живи колеги од Демократската партија.