Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Бадникова прослава во Соборниот храм – апели за мир, љубов и добра волја меѓу луѓето

Со желби за здравје, среќа и мир во светот православните христијански верници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со желби за здравје, среќа и мир во светот православните христијански верници го слават Бадник – денот пред Христовото рождество. Скопскиот соборен храм го наполнија стотици граѓани да си земат бадникарски гранчиња за бадниковата трпеза. Денот започна со молитва во сите православни цркви, а централната манифестација, по традиција, беше во соборниот храм Свети Климент Охридски.

„Денес е Бадник, ден пред Божиќ, ден кога ние го дочекуваме еден од најголемите господови празници, раѓањето на господ Исус Христос, и ова е радосен ден за нас православните христијани, затоа што ние го очекуваме еден од најрадосните моменти што се случил во историјата на човештвото. Тоа е ден во кој што ние се радуваме за Христовото раѓање, многу значеан ден за нас православните христијани и треба да се потрудиме да ја задржиме таа духовна молитвена атмосфера во текот на целиот ден“ вели отец Антонио

Не изостана ниту традиционалното доаѓање на пајтонот со кумовите и здравичарот со музика и топла ракија. Бадниковиот ќуп со гранчиња од стариот беше предаден на новиот кум кој со него замина дома.

Реклама

„Да си ја сакате и почитувате верата, да го негувате јазикот, обичаите, традицијата и историјата македонска“ вели Радомир Макеларски, кум бадникар 2025

„Запалените огнови на Бадниковата вечер ги осветлуваат и нашите срца, предрадосното очекување на раѓањето Христово“ вели Атанас Петров, здравичар

Празникот граѓаните ќе го поминат во кругот на семејството во домашна атмосфера, ќе имаат посна трпеза и традиционално – лепче со паричка кое ќе се крши пред почетокот на ручекот и се верува дека на тој што ќе му се падне паричката ќе биде среќен во текот на целата година. Бадник е ноќта на мирот, радоста и сплотеноста, за Божиќ традиционално се подготвува мрсна трпеза која го означува крајот на божиќните пости.

Давид Крстевски