Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Азески и Гицулика на разговори за квалитетот на виското образование

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денес (8.5.2026 година), ќе оствари средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денес (8.5.2026 година), ќе оствари средба со претседателката на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование (ЕНКА), проф. д-р. Кристина Гицулика.

На средбата ќе се дискутира за вклученоста на бизнис заедницата во системот на високото образование, а фокусот посебно ќе биде ставен на учеството на бизнис зедницата во креирање на студиските програми, соработката во реализацијата на практичната настава и истражувачките процеси како основа за создавање иновативен и конкурентен бизнис.

Од аспект на бизнисот, квалитетот во високото образование е директно поврзан со продуктивноста, конкурентноста и долгорочниот развој на компаниите. Бизнисот не го мери квалитетот преку бројот на дипломи, туку преку вредноста што ја создава кадарот уште од првиот ден на вработување со знаење што е применливо, вештини што одговараат на реалните потреби на пазарот и способност за брза адаптација и иновација. 

Реклама

И токму поради тоа, само преку вистинско партнерство меѓу образованието и бизнис-заедницата може да се зборува за квалитет и градење кадар, кој не чека да биде обучен, туку веднаш придонесува за раст и конкурентност на економијата, како и создавање систем каде образованието не е изолирано, туку директно поврзано со економијата.

Проф. д-р. Кристина Гицулика е професор на Политехничкиот универзитет во Букурешт, Романија. Прва жена што ја презема оваа највисока лидерска позиција во организацијата од нејзиното основање.