Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Балкан

Автомобилски сирени „ги поздравија“ Џафери и Бочварски додека се фалеа со патната инфраструктура

Од едната страна свирежи од другата страна фалби. Предизборната офанзива на Бочварски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од едната страна свирежи од другата страна фалби. Предизборната офанзива на Бочварски и Џафери во сенка на нервозните возачи кои попатно свиреа додека функционерите се самофалеа со новиот рехабилитиран пат на влезот на Скопје. Да се слушаат фалби за вложување милијарди во инфраструктурата не е лесно, кога ги знаеме какви ни се македонските автопати. Но во очите на Благој Бочварски власта овозможила добра патна инфраструктура. По се изгледа, неговата перцепција е таква оти функционерите се возат во удобни и скапи возила. Дупките по патиштата многу повеќе се чувствуваат ако возите постар модел на автомобил.

Македонија повеќе од една една деценија го чека автопатот Кичево-Охрид, на „Бехтел и Енка“ им дадовме 250 милиони евра но во една година нема ниту метар асфалт, два километри од Скопје до Блаце се градат со години, проектот е проценет на 18 милиони евра по километар. Во замена за нов автопат, до границата со Косово се вози по рехабилитираниот патен правец за кој се платија 3,8 милиони евра. Техничките функционери и директорот на Државни патишта денеска повторно се прошетаа, овој пат на рехабилитирана делница Катланово – Петровец.

„Во однос на овој проект, комплетната рехабилитација на левиот и десниот коловоз на автопатската делница Катланово – Петровец го завршуваме и многу набрзо граѓаните и сите оние туристи кои минуваат по оваа траса ќе возат по високо квалитетен автопат. Оваа пролет завршуваме и со рехабилитацијата на делницата Демир Капија – Неготино, со што Коридорот 10 во полн капацитет ќе биде ставен во функција. Особено сакам да истакнам дека Коридорот 10 ќе биде надграден и со Интелегентен транспортен систем, во прва фаза од Велес кон Гевгелија, а потоа и втора фаза од кон граничниот премин Табановце“, изјави Бочварски.

Реклама

За Бочварски овие активности не биле со цел да се додворуваат на граѓаните во предизборие, туку тие постојано биле на терен бидејќи во Македонија се градело многу. А Џафери свирежите од автомобилите и камионите не ги доживеа како нешто лошо, а низ смеа рече – возачите само сакале да пратат поздрав.

Делницата Петровец-Катланово се реконструира четири години. Во ноември минатата  година беше пуштена во употреба едната лента. Лани во април екс премиерот кој беше на увид рече дека ќе се забрза динамиката, а сега, според новите најави од министерот за транспорт – активностите ќе завршат многу скоро.