Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

АВМУ: Одлуките ги носиме исклучиво согласно закон и утврдени процедури

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на обидите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на обидите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да го доведе постапувањето на Агенцијата во конкретни предмети во контекст на дневно-политички интереси.

АВМУ постапува исклучиво врз основа на надлежностите и во рамките на постапките утврдени со закон. Пред секоја промена на сопственичка структура на радиодифузер, тој е должен да достави известување за промена на сопственичката структура и воедно да достави соодветна документација. По приемот на известувањето, Агенцијата ја проверува документацијата и нејзината усогласеност со закон и во рок од 30 дена донесува одлука дали промената ќе биде одобрена или одбиена.

Законскиот застапник на Радиодифузното друштво Наша ТВ ДООЕЛ Скопје и Трговското радиодифузно друштво РФМ ДООЕЛ Скопје, достави барање за промена на сопственичката структура на 29 јуни.

Реклама

Заради целосно утврдување на сите факти и околности релевантни за предметите, како и обезбедување на сите информации потребни за законито, правилно и објективно одлучување, Советот на Агенцијата го продолжи рокот за одлучување за дополнителни 30 дена. Во овој период, Агенцијата продолжува со проверка на доставената документација и со прибирање на потребните информации од надлежните институции. Постапките по барањата се во тек.

Одлуките на АВМУ се носат врз основа на утврдените факти и исполнувањето на законските услови и прописи, а не врз основа на шпекулации, претпоставки или политички обвинувања.

Затоа Агенцијата ги повикува политичките субјекти да не ја политизираат и да не ја користат работата на независниот регулатор за сопствени политички интереси.

АВМУ и натаму ќе ги извршува своите законски надлежности професионално, независно и транспарентно, во интерес на обезбедување слободен и плуралистички медиумски простор во земјава.