Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Атанасов: Во Неготино СДСM кандидира човек кој е продолжена рака на Заев и Филипче

Соопштение на Стојанче Атанасов, член на ОК Неготино на ВМРО-ДПМНЕ. „За многу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на Стојанче Атанасов, член на ОК Неготино на ВМРО-ДПМНЕ.

„За многу брзо, ќе бидеме пред важна изборна одлука. Повторно се бара од нас да избереме – помеѓу прогрес и стагнација, помеѓу одговорност и заборав, помеѓу иднина и минато.

Од спротивниот табор, СДСM ни предлагаат кандидати кои не се ништо друго освен продолжена рака на истите стари навики.

Реклама

Само уште една алка од синџирот на корупција кој со години го гуши нашиот град.

СДСМ веќе покажа што знае – и тоа не е работа, туку распродавање. Не е грижа за граѓаните, туку грижа за тендери, за блиски луѓе, за личен интерес.

Неготино се споменува низ државата, но не како пример за развој, туку како симбол на неодговорност и коруптивност.

Дел од оваа неодговорност се:

Реновирањето на спортската сала, која што е се само не реновирана;

„Дивата“ канализација во село Дуброво;

Аферата со мазут во ТЕЦ Неготино;

И многу други негативни вести кои се дел од коруптивната мрежа на СДСM.

Сето тоа е платено од вашите пари. Од парите на сите нас.

И сега, повторно истата партија сака нов мандат. Повторно истите луѓе, со истите структури, со истите интереси. Дали ќе дозволиме повторно градот да се води од сенка?

Ние велиме – доста е!

Ова не е изборна кампања. Ова е борба за достоинство на нашиот град. Потребна е локална власт која не се крие, туку одговара. Власт која работи, а не режира. Власт која носи промени, а не оправдувања.

Ние не нудиме празни зборови. Ние нудиме:

Работа, отчет, и резултати.

Потребен ни е град без лаги, без манипулации, без корупција.

Да го ослободиме Неготино од сенките на минатото и конечно да кажеме – доста беше! Време е за иднина. За нашиот град. За сите нас.“