Реклама
Македонија

Асоцијацијата за е-трговија: Македонските компании под регионалниот просек во користењето дигитални алатки

Дигиталната инфраструктура на македонските претпријатија е фрагментирана и нецелосна, што директно го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигиталната инфраструктура на македонските претпријатија е фрагментирана и нецелосна, што директно го ограничува развојот на е-трговијата, покажуваат резултатите од анализата за е-трговијата во Западен Балкан за 2025 година.

Истражувањето, кое опфати 1.200 компании од Западен Балкан, по 200 од секоја економија, покажува дека ниедна компанија во земјата не пријавила користење на сите клучни дигитални ресурси, а 23 проценти од фирмите изјавиле дека не користат ниедна од наведените дигитални алатки, што е повеќе од двојно над регионалниот просек од 10 проценти. 

Добиените резултати упатуваат на тоа дека само 41 процент од македонските компании имаат имаат веб-страница, што е под просекот во Западен Балкан, а само 33 проценти користат електронска пошта, што исто така е под регионалниот просек од 44 проценти. 

Реклама

– Овие основни алатки, кои претставуваат предуслов за онлајн-продажба и дигитална комуникација со клиенти, сè уште не се стандард кај македонските фирми – посочуваат од Асоцијацијата за е-трговијата во земјата.

Според резултатите, само 19 проценти од анкетираните македонски компаниите продаваат свои производи или услуги онлајн, а користењето на вештачката интелигенција е занемарлив еден процент. 

– Дигиталниот јаз кај македонските компании не се гледа само кај вештачката интелигенција, туку и кај основните деловни системи. Додека само 1 процент од компаниите користат ВИ-алатки, едвај 6 проценти имаат ERP-системи, а само 20 проценти користат cloud-решенија. Без овие основи, е-трговијата тешко може да стане стабилен и одржлив извор на приходи. Без дигитализација и иновации, е-трговијата ќе остане ограничена, а компаниите ќе ја губат конкурентноста и на регионално ниво. За да го промениме ова, потребни се здружени напори и холистички пристап. Добро е што неодамна Владата донесе стретегија за дигитална трансформација, но секако останува да ги проследиме имплементацијата и резултатите. Асоцијацијата за е-трговија е посветена да го забрза патот на дигитализацијата, која е основа за развојот на е-трговијата – смета претседателката на Асоцијацијата за е-трговија во Македонија, Нина Ангеловска-Станков.