Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа предупредува за измами на социјалните мрежи за наводно приредување онлајн игри на среќа

Членките на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членките на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС како општествено одговорни компании, во интерес на заштита на сите граѓани, а особено младите кои се најфреквентни корисници на социјалните медиуми, во согласност со позитивните законски прописи ја известуваме јавноста за онлајн измами на социјалните мрежи, се наведува во соопштението на АПИС.

Почитувани, Веќе подолг временски период на социјалните мрежи масовно циркулираат лажно креирани дигитални вести кои во суштина се онлајн измама која има за цел да навлекува посетители кои свесно и со умисла се ставаат во заблуда дека наводно нашите компании-членки приредуваат онлајн игри на среќа. Овие измамнички вести упорно се пласираат на македонски и англиски јазик.

Сакаме јасно да ставиме до знаење дека казината „Фламинго“ (Гевгелија и Скопје), „Гранд Казино Адмирал“, „Луксор“, како и автомат клубовите „Астра“, „Адмирал“, „Апекс“, „Моцарт“ и „Спортлајф“ НЕ приредуваат онлајн игри на среќа согласно македонското законодавство за приредување игри на среќа! Лажните вести, кои измамнички го рекламираат спротивното се обид за злоупотреба на корпоративен углед на нашите членки. Оттука, добронамерно им препорачуваме на нашите посетители да се информираат од официјалните комуникациски канали на нашите членки.

Реклама

Во меѓувреме ги преземаме сите неопходни законски дејствија за заштита на нашите брендови. Очекуваме надлежните државни институции да ги преземат неопходните чекори за спречување вакви негативни појави.