Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Асимилаторска политика на Бугарија: Со таблети и ТЕТРАТКИ ќе ги прават Македонците бугарски деца

Асимилаторска политика со таблети и тетратки. Тоа се подароците кои во Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Асимилаторска политика со таблети и тетратки. Тоа се подароците кои во Македонија ги пратил Виктор Стојанов, првиот човек на „Фондација Македонија’ од Софија, за како што вели бугарските деца во Македонија.

-Таблети и тетракти за бугарските деца во Македонија. Фондација Македонија, вклучете се, изјави Стојанов.

Ова не е изолиран случај на обид за бугарската асимилација, која не е само во Македонија, туку ја има во целиот регион, последен случај беше Косово каде што неодамна престојуваше и бугарскиот претседател Румен Радев. Тој беше во регионот каде живеат Горанците кои се декларираат како Македонци со муслиманска вероисповест. Радев од таму порача дека тие биле бугарско малцинство, иако самите се декларираат како Македонци.

Реклама

-Бугарскота заедница во Косово да биде законски призната. Да си го најде своето место во законите за заштита на заедниците во Косово. Да го добие своето место во консултативниот Совет за Претседателот, кај госпоѓата Османи. Добив уверавања и од госпоѓата Османи и од господин Курти дека тоа ќе се случи во најбрзо време, изјави Радев.

За бугарската асимилаторска политика за Еуроњуз Србија говореше и Радивоје Младеновиќ од Институтот за српски јазик САНУ. Вели дека тоа не е изолиран случај само во една држава, туку на целиот Балкан.

-Повеќе од 100 години дел од државната бугарска политика и бугарската наука и квазинаука се обидуваат да докажат дека поголемиот дел од Балканскиот Полустров всушност припаѓа на бугарските периферни говори и дека во тој контекст е формиран еден проект, за Бугарите на границата, кој е многу агресивен, изјави Младеновиќ.

Со цел асимилација насекаде, Бугарите го користат своето членство во Европската Унија и бугарскиот пасош, вели професорото од Универзитетот во Призрен, Садик Идризи.

-Многу луѓе последните години, особено од Призрен одат на школување во Бугарија,  со надеж дека после тоа или за време на школувањето, ќе успеат да дојдат до бугарска виза. Тоа се причините поради што луѓето ги пополнуваат тие формулари, изјави Идризи.

Покрај официјалните власти, бугарската асимилаторска политика ја тераат и невладини организации. На пример, богатиот Милен Врабески е главен финансиер на бугарските клубови во Македонија. А Виктор Стојанов, кој има забранет влез во државава, беше во акција да ги убедува Македонците од Албанија дека биле Бугари, и тоа на и помалку смешен начин.

-Дојди. Чекај, чекај, Тука да ја поздравиш Бугарија.

-Кажи како се викаш?

-Ружди.

-Бугарин ли си?

-Да да.

-А тие деца Бугарчиња ли се?

-Да.

-Што сакате, тетратки?…, беше еден од разговорите кои ги имаше Виктор Стојанов.

За бугарските притисоци веќе подолго време предупредуваат Македонците од Албанија. Во разговор за Алфа, првиот човек на македонското здружение „Илинден“ Никола Ѓурѓај кажа дека нашинците таму живееле во страв и дека јавните закани од бугарска страна ги обесхрабрувале Македонците да се пишат како Макеонци, на пописот кој заврши во ноември минатата година, затоа што живеат во голема сиромаштија.

Матеја Петровски