По десет дена пат кон и од Месечината, четворицата астронаути на НАСА некаде после полноќ се враќаат на Земјата. Вајзман, Гловер, Кох, и Хансен, направија прелет околу Земјиниот сателит без слетување и го изведоа најдолгото патување досега. Некаде околу 2 часот по полноќ според македонско време, со вселенската капсула „Орион“ ќе навлезат во атмосферата и ќе влезат со брзина од 40.000 километри на час. Овој дел од мисијата се смета и за еден од најризичните. За астронаутите гледањето на Земјата од толкава далечина било емоционално и моќно искуство.
„Работата што ја видовме и што најмногу ме изненади беше тоа што ние трениравме да го набљудуваме затемнувањето и да ја гледаме страната на Месечината од далечната страна. По тоа што поминавме зад далечната страна на Месечината, видовме одлични симулации направени од нашиот тим за лунарна наука. Но кога тоа навистина се случи, буквално нè остави сите без зборови. Мислам, ја слушнавте нашата реакција во реално време, но поентата беше што ние се имавме подготвувано за тоа, и речиси беше нешто за кое, не сакам да кажам дека бевме незадоволни, но фактот што лансирањето беше на 1 април значеше дека далечната страна не беше толку осветлена како што се надевавме. И така, знаете, тоа некако изгледаше како утешна околност. И тоа беше еден од најубавите подароци од тој дел на мисијата“, изјави Виктор Гловер пилот на НАСА.
„Но она што навистина се надевавме, и тоа често го кажувавме претходно, е дека ние сме тука да служиме на НАСА, да им служиме на нашите држави, Канадската вселенска агенција, НАСА и меѓународната заедница. И тука сме да служиме и за Artemis III. Но навистина се надевавме во нашата мисија дека за еден краток момент можеме да го натераме светот да застане и да се потсети дека ова е прекрасна планета на многу посебно место во нашиот универзум, и дека сите треба да го цениме тоа што го имаме, тоа што ни е подарено. И мислам дека за луѓето што решија да се вклучат и да гледаат, а изгледа дека беа навистина многу ,тоа и се случи. И за тоа сме бескрајно благодарни“, изјави Џереми Хансен специјалист на мисијата.

Поради интензивното загревање, леталото од Земјата ќе изгледа како огнена топка. Сепак, заштитните системи се дизајнирани да издржат вакви екстремни услови и да обезбедат сигурност на екипажот.
По најкритичниот дел од спуштањето, капсулата ќе ги активира падобраните за забавување, по што ќе следи контролирано спуштање во океанот, каде што тимови за спасување ќе го преземат екипажот.
По слетувањето, астронаутите ќе ги исклучат системите на капсулата и ќе го почекаат пристигнувањето на спасувачките тимови. Во операцијата се вклучени НАСА и американската војска, кои ќе користат специјализирана опрема и воздушна поддршка.
Последен пат кога човекот стапна на Месечината е пред повеќе од 50 години, од последната мисија Apollo 17 во 1972 година. Следното патување Artemis 3, кој ќе претставува прв голем лет со екипаж во новата фаза на истражување на Mесечината. Потоа следи „Артемис 4“, првото вистинско слетување на астронаути на Месечината. Тие ќе се фокусираат на спуштање на површината, научни истражувања и почеток на долгорочно присуство на земјиниот сателит.
