Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Арсовски: Што се можеа СДСМ да подобрат за животот на граѓаните за 21 милион евра, кои ги испумпаа преку агенцијата за обезбедување

СДСМ и Заеви свесно ја покачија цената на електричната енергија, на сметка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Заеви свесно ја покачија цената на електричната енергија, на сметка на грбот и штета на граѓаните, само и само за да делат профит од високата цена преку тендери од универзалниот снабдувач и од институции од државата, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

За сметка на тие профити кои ги дели струмичката агенција за обезбедување со Заеви, за коишто имаме сериозни сомнежи, над 21 милион евра, а граѓаните живеат во сиромаштија.

Наместо Заеви да делат огромни профити од парите на граѓаните, можеа да реализираат сериозни проекти за подобрување на животот на граѓаните.

Реклама

Со овие пари можеа да реконструираат болници, клиники или да се изгради нови болници.

Со 21 милион евра ќе можеше да се купат над 50тина возила за брза помош, коишто ги имаа најавувано и пред да дојдат на власт.

Со овие пари можеа да се реконструираат училиштата и градинките или пак да се изградат нови над 10тина нови училишта или над 20тина нови градинки.

Со овие пари можеа да се пратат над 50 луѓе со сериозни болести на лечење во странство, за кои граѓаните секојдневно донираат пари, преку социјалните мрежи, преку интеренет сервисите или преку смс пораки.

Со 21 милион евра ќе можеше да се поддржат домашните компании кои откако започна корона кризата се на работ на пропаст, а секојдневно се обидуваат да преживуваат и како што видовме според последниот податок над 12.000 работници ги загубиле своите работни места.

Со овие пари ќе можеа да се реконструираат стотици километри патишта кои граѓаните секојдневно ги возат, кршејќи ги своите возила.

Ова е начинот на работа на СДСМ, Заеви и нивните фирми, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Институциите мора да отворат случај и да ги испитаат овие енормно големи суми на пари кои легнале на сметка на оваа струмичка агенција за обезбедување, односно што го дуплирала својот приход од овие институции во текот на една година, порача Арсовски.