Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Арсовски: СДСМ наместо да се справи со пандемијата посегна по гушење на рекламниот медиумски простор за опозицијата

Изборниот грабеж и најнедемократските парламентарни избори во Република Македонија имаат виновник и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изборниот грабеж и најнедемократските парламентарни избори во Република Македонија имаат виновник и тоа е СДСМ. Извештајот на Агенцијата за аудиовизуелни медиуми е доволен показател за недемократските избори. СДСМ на почеток на кампањата, на самиот завршеток на вонредната состојба, на ден пред почетокот на кампањата во 23:55, 5 минути пред да заврши вонредната состојба изгласаа уредба каде што им се намалува двојно рекламниот простор на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, порачува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо СДСМ да се справува со пандемијата која однесе над 500 човечки жртви до сега, тие во вонредната состојба посегнаа по демократскиот процес на изборите, односно посегнаа по рекламниот простор кој што им следува на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Со ова практично изгласаа уредба за медиумски мрак и гушење на опозицијата, каде што тие добија двојно повеќе рекламен простор по медиумите, а ВМРО-ДПМНЕ доби само гушење и не можност да доволно се презентира по медиумите. Со ова незаконски, со кршење на Уставот и законите, СДСМ директно се мешаше во изборниот процес и го ограничи времето на опозицијата, само и само за да може власта сама да манипулира во рекламниот простор кој што за нив испадна  двојно поголем од на ВМРО-ДПМНЕ, порачува тој.

Арсовски истакна дека користењето на вонредната состојба за лукративни цели, а не за справување со пандемијата е доволен показател колку биле недемократски овие избори кои поминаа.

Реклама

-Токму и поради тоа СДСМ има скоро двојно повеќе време за медиумско рекламно презентирање во однос на ВМРО-ДПМНЕ и нас не стави во подредена состојба. СДСМ е канцерот кој ја јаде демократијата во Република Македонија, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.