Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Арсовска си најде нов виновник за дебаклот со раководењето на Скопје

Смет до гуша, диви депонии, смрдеа, хаос со автобуси, а како капак,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Смет до гуша, диви депонии, смрдеа, хаос со автобуси, а како капак, шофер на ЈСП е обвинет за несреќа во која загина 17 годишно момче – Скопје тоне, а градоначалничката Данела Арсовска пере раце. Соочена со заканата дека може да и бидат одземени ингеренциите на јавните претптијатија, наместо да се фати за работа, влезе во отворена војна со владата и премиерот. Тие биле виновни за хаосот во кој се дави главниот град откако е дојдена на фунцкијата. По прозивката од премиерот дека нешто итно мора да се преземе во Скопје, таа одговори со контра обвинување – владеачката партија вршела „политички терор„. Како и секогаш, таа бега од јавни настапи, па одговорот го испрати во пипсмена форма.

– Апелираме да се стави крај на политичкиот терор, и сега како одговорна владејачка партија, Мицкоски да превземе одговорност за состојбите во главниот град за кои најзаслужни се советниците и членовите на Управните и Надзорните одбори на градските јавни претпријатија“, соопштуваат од Град Скопје.

Со други зборови, Арсовска која како функционер стана рекордер по поставувањето и менувањето на директори по јавните претптијатија, сега ги обвинува управните одбори дека биле виновни за нивното нефункционирање. Тврди дека имала план за вработување, за набавки на нови контејнери, машини, дрвја, зеленило, автобуси и резервни делови, но не можела да ги спроведе.

Реклама

„Кој е како Данела Арсовска? Седи, добива плата и провизии, а Владата ѝ ги плаќа ратите за автобуси кои Арсовска не е способна да ги плаќа“, и одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата на Арсовска следи откако владата, на инсистирање од скопјани на кого им е пукнат филмот од состојбата во градот, побара од неа да се фати за работата за која е платена, во спротивно можно е и да и се одземат ингеренциите врз јавните претпријатијата.

Инаку, Арсовска важи за еден од најлошите и најнепсособните градоначалници на Скопје во поновата историја. Таа постојано е критикувана од граѓаните, затао што за време на нејзиниот краток мандат главниот град целосно тоне. Во пердиодот од кога е дојдена на власт има направено речиси 40 кадровски промени, главно менува луѓе кои пред тоа самата ги поставила. Нема населба која не смрди на смет затоа што не се празнат редовно контејнерите, а диви депонии никнуваат на секој чекор. И умираат животни во зоолошката градина, која пред таа да стапи на функција беше една од главните атракции во скопје. Состојбата со ЈСП е посебна приказна, таму секој ден е нова авантура. Не само што нема доволно автобуси, туку и се случуваат несреќи, кои кулминираа со првата жртва. Шофер од ова јавно претпријатие е обвинет дека предизвикал несреќа во која животото го загуби 17 годишно момче.