Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Aрсовска продолжува да менува директори, „Дрисла“ доби нов раководител

На градоначалничката Арсовска никако да ѝ се погодат директорите на јавните претпријатија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На градоначалничката Арсовска никако да ѝ се погодат директорите на јавните претпријатија кои самата ги именува. Последната во низа промени е во комуналното претпријатие „Дрисла“. Таму е сменет Ненад Јосевски и на негово место е назначен Самир Хусеини кој доаѓа од „Водовод и Канализација“.

Иако Јосевски е на функција само шест месеци од Град Скопје велат дека е сменет поради тоа што му истекол договорот кој не му го продолжиле.

„На в.д директорот на ЈП Дрисла му истече согласно договор рокот за кој беше ангажиран“, велат од Град Скопје.

Реклама

Од 2022 година, ова е веќе трета промена на раководната позиција во „Дрисла“. Пред Јосевски, со претпријатието директоруваше Александар Кузинаков . Тој беше разрешен лани, кого Арсовска го обвини за злоупотреби.

Инаку Арсовска стана рекордер во смената на директорите на скопските јавни претпријатија. Нејзиниот мандат го одбележаа повеќе скандали отколку реализирани проекти. Како на производна лента смени повеќе од 30 директори во 11 институции и јавни претпријатија под надлежност на градот.

Праксата на смени на челните позиции почна од Јавното претпријатие  „Градски паркинг“ каде за четири години се сменија четворица директори . Промени во раководните позиции имаше во скопското Комунално претпријатие, каде се сменија дури пет директори. Тројца се сменија и  во Градски паркинг, исто толку и во скопската  зоолошка за помалку од три години. Смени имаше и во ЈСП, каде за четири години се сменија четворица директори.  Разрешување на еден и назначување на друг директор имаше и во Младинскиот културен центар.

Љубиша Владимиров