Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Aрсовска не кажува дали ќе има прослава на плошатдот за Нова година, Кисела Вода ќе организира новогодишен концерт за скопјани

На недела дена пред Нова година, скопјани се уште не знаат дали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На недела дена пред Нова година, скопјани се уште не знаат дали на Плоштадот Македонија ќе има прослава за најлудата ноќ. Градоначалничката Арсовска и оваа година одлучи да не биде транспарентна кон медиумите и не открива дали ќе има и каков ќе биде дочекот на градскиот плоштад.

Граѓаните најубавиот ден од годината посакуваат да го дочекаат во празнична атмосфера во центарот на градот, традиционално како што имало и до сега… како што се ужива и во другите европски и светски метрополи.

И додека Арсовска молчи, скопските градоначалници самите се организираат за прослава во своите општини. Во Кисела Вода, граѓаните ќе можат да ја дочекаат Новата година на платото, кај салата Расадник. Во претпладневните часови ќе има детски забавен дел, а вечерта ќе уживаат во музичкиот ритам на македонските пејачи како Врчак, „ДНК“ и „Куку Леле“, Игор Џамбазов и други.

Реклама

Забавни програми во меѓувреме има и во другите скопски општини. Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани да дојдат на плоштадот во општината, најавувајќи богата музичка програма. „Удри“ и по Арсовска.

„Покрај недостатокот на елементарна способност за обезбедување на основни јавни услуги, Данела има недостаток на идеја, волја и желба да се усреќат сограѓаните барем за нивогодишните празници, оставајќи ја најубавата јавна површина во градот штура, нема и без програма. Затоа, ги поканувам сите граѓани на градот Скопје на 31ви декември да ни бидат гости на плоштадот во општина Шуто Оризари, каде што ќе можат ја доживеат новогодишната атмосфера во полн ек“, вели Курто Дудуш, градоначалникот на Шуто Оризари.

Во Аеродром веќе има Зимзоленд, кај спортскиот центар „Јане Сандански“, каде има забава за сите генерации од најмали до највозрасни. Програмата ќе трае до 19 јануари 2025 година, а скопјани уживаа и во концертот „Аеродром пулсира“ викентот што измина… Граѓаните уживаа и во новогодишна зимска бајка, викендот во Ѓорче Петров, каде имаше забавна програма и културни содржини за сечиј вкус.

Љубиша Владимиров