Реклама

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Прилози

Арбен Фетаи не сака да соработува со ДУИ: Ќе остане ли Таравари сам поради дволичната политика со Ахмети?!

Арбен Таравари може да остане сам доколку продолжи со дволичната политика и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Арбен Таравари може да остане сам доколку продолжи со дволичната политика и кокетирањето со Ахмети. Се поглансо неговите сопартијци негодуваат за последните потези на лидерот на едното од крилата на Алијанса за Албанците. Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи во објава на Фејсбук директно алудира дека не сака соработка со ДУИ и порачува дека тие на локалните избори треба да биде победени во секоја општина.

-Верувам дека Алијанса за Албанците ќе остане верна на својот пат – патот на Арбри, на достоинство и храброст. И верувам дека, со заедничка волја, можеме да ја најдеме формулата за ослободување на секоја албанска општина од лошото владеење на ДУИ, вели Фетаи.

Ваквата изјава се толкува и како индиректна најава дека постои можност и други пратеници на АА да му стврат грб на Таравари и да останат дел од коалицијата Вреди.

Реклама

Претходно координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Коќу најави дека тие продолжуваат да бидат во добри односи со петте пратеници од Алијанса за Албанците. Од Вреди го обвинуваат министер за здравство дека го погазил  она за што се борел и ја киднапирал волјата на граѓаните кои го испратија ДУИ во опозиција.  

-Не беше одамна, само пред една година, токму во овој месец, кандидатите за пратеници кои денес се пратеници на Алијанса на Албанци, под логото на Вреди, од врата на врата им велеа на граѓаните: „Ние сме промената”, „Ние не одиме со ДУИ”. Зијадин е предавникот затоа што сакаше да ѝ го продолжи владеењето на ДУИ. Граѓаните ја кажаа својата волја, гласаа за промена. Промената дојде. Таравари дезертираше, но една армија не смее да ја следи слепо судбината на еден дезертер, велат од Вреди.

Останува непознато дали Таравари ќе остане на позицијата министер за здравство. Средбата која ја имаше со премиерот Мицкоски поминала во конструктивен дух, бил постигнат договор да продолжат разговорите во текот на месецов, по што ќе се знае дали едното крило на Алијанса ќе остане во власта или ќе оди во опозиција.

Матеја Петровски