Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Апсурдна одлука: Нема награда за математичкиот гениј Дамјан зошто бил осмооделенец, а се натпреварувал со средношколци

Одбиен од парична награда за освоено прво место на натпревар , затоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одбиен од парична награда за освоено прво место на натпревар , затоа што ученикот бил во седмо одделение, а натпреварот бил за средношколци. Вакво апсурдно образложение доби штипскиот математички гениј Дамјан Давков, кој заедно со својот ментор  поднеле барање за награда, откако на 63-от Државен натпревар по математика за средношколци освои максимум поени..

   Апсурдната одлука родителите на малиот Питагора ја објавија на социјалните мрежи …

„ Образовниот систем ни е катастрофален, не стимулира натпросечност. Фокусот е на просечноста. МИзерно општество„

Реклама

„Голема срамота!!Еве како државата ги наградува нашите таленти. Не се чудете ако избега во странство„

 Ова е само мал дел во лавината коментари  во кои јавноста од сношти изразува целосна поддршка на семејството, а остро ја критикува одлуката на МОН.

    Алфа стапи во контакт со семејството на младиот гениј. Јавно не сакаат да зборуват. Велат ова дополнително ги вознемирува. Го објавиле документот со цел да се види какви Закони имаме и како се   толкуваат.Категорични се дека искажаниот револт не е поради тоа што не добиле пари, туку поради несоодветниот третман од страна на државата кон мултиталентираните деца. Бараат правилно да се протолкува член 24-а став 12 од Законот за средно образование на кој се повикуваат и од МОН, затоа што никаде не пишува дека ученикот мора да е средношколец..

 Од МОН засега нема коментар за тоа дали и како ќе ја исправат апсурднаа ситуација.

Инаку во рок од два месеци ова е втор пат основецот  кој е добитник на стотици награди и медаљи по математика да го одбијат за парична награда. Претходно е одбиен за освоена втора награда на Европскиот математички куп. Од семејството прашуваат зошто нема стипендии за талентирани основци, како што е случај со спортистите помлади од 15години на кои им се одобруваат средства за врвни остварувања. Најавуваат тужба до Управен суд. 

Александра Ристевска