Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Прилози

Апсурден ДУИ со желба само за власт: Нема логика смената на нивни функционери да го сметаат за национализам

Апсурдно е што ДУИ повторно удира на национализам, со тврдењата дека смената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апсурдно е што ДУИ повторно удира на национализам, со тврдењата дека смената на нивни функционери во полицијата, било напад на сите Албанци. Во моментов токму само и тоа можеме да го очекуваме од партијата на Али Ахмети, која што тешко се справува со фактот дека е опозиција по повеќе од две децении власт, сметаат дел од познавачите. Политичкиот аналитичар Агим Јонуз за Алфа вели дека кадровските промени никако не смее да се користат во националистички цели.

-Доколку се сменети функционери, доколку комбинаториката на раководството на државата воопшто не одговара некому, тоа не мора да значи дека тоа е извор на национализам. Апсурдно е да некој само поради тоа што е Албанец се чувствува обесправен, изјави Јонуз.

Во Македонија последниве години имаше неколку нерасветлени убиства, а според познавачите единствено криминалот цветал. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи, за Алфа вели дека сосема е очекувано, да има кадровски промени во Министерството за внатрешни работи.

Реклама

-Тие тоа го именуваат како етничко чистење, што нема врска со реформите што треба да се случуваат во Министерството. Имајќи во предвид дека во минатото државата беше узурпирана од страна на припадниците на МВР, бидејќи криминалот и корупцијата цветаше во нашата држава, тогаш се подразбира дека реформите треба да се направат, изјави Фаризи.

Според Фаризи сепак очекувано е тоа што го прави ДУИ, бидејќи нивната единствена цел е само да бидат во власта.

-Политичките ставови на ДУИ веќе познати се, тие секогаш по секоја цена сакале да бидат дел од власта. Секогаш тие кога се дел од власт, во државата цветаат цветови, се е убаво во државата, изјави Фаризи.

Јонуз вели дека во наредниот период можеме да очекуваме само засилување на ваквата реторика на ДУИ.

-ДУИ ги користи сите можни методи да направи збрка, да направи евентуална нестабилност и да дојде до што побрзи предвремени избори. Они допрва ќе употребуваат реторика, која ќе го подига народот, а со самото тоа и своето незадоволство. Да се разбереме македонската страна не е адресата на која ДУИ треба да ги упатува своите стрели, албанскиот народ во Македонија си има свои официјални претставници во власта, изјави Јонуз.

Одлуката да се сменат неколку високи функционери во МВР од ДУИ, станаа причина партијата да обвини дека станувало збор за некакво етничко чистење во полицијата. Интегративците иста реторика имаа и кога ВМРО-ДПМНЕ реши да коалицира во Владата со „Вреди“. Од партијата на Али Ахмети тогаш обвинуваа не се почитувала волјата на Албанците, а албанскиот партнер во власта го прогласија за нелигитимен.

Матеја Петровски