Реклама
Македонија

🎥 Антикорупциска може да остане без претседател со месеци

Антикорупциска може да остне без претседател до завршувањето на локалните избори. Според…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антикорупциска може да остне без претседател до завршувањето на локалните избори. Според собраниските процедури на првата наредна седница пратениците ќе ја констатираат оставката на на Татјана Димитровска. Од законодавниот дом на прашањата на Алфа, велат дека огласот за нов прв антикорупционер ќе се распише веднаш по констатирањето на оставката. Откако ќе истече рокот, сите пријавени треба да бидат интервјуирани од пратенците, па селекција,  за на крај и гласање. Со оглед на тоа дека за најмногу 10 дена ќе бидат распишани изборите, постапката може да се пролонгира.

  • По констатирањето на оставката, следи распишување на јавен оглас, по што од пријавените кандидати ќе се изврши избор на нов претседател на ДКСК. За понатамошните чекори како и временската рамка за спроведување на процедурите јавноста ќе биде навремено информирана“ велат од Собранието.

Димитровска поднесе оставка до Собранието во петокот, без образложение за истата.

Поранешни антикорупционери се скептици дека наскоро ќе биде комплетирана Комисијата која има значајна улога во борбата против корупцијата, а актуелните членови според упатените треба да се заложат за забрзување на процедурите.

Реклама
  • Е како ќе функционира без претседател, тоа треба да реагира Комисијата и таа да реагира со забелешки без претседател. Штетата е направена, сега зависи од нив како членови колку ќе се вложат да пробаат да ја завршат целата работа и таа штета што е направена да биде што помала. Но не верувам дека може да се стигне“ вели ГОРАН ТРЕПЕНОСКИ – Поранешен член на ДКСК.

Телото е колективно и може да функционира, но довербата и легитимитетот се поткопани со обвинението за Димитровска, дополнува поранешниот антикорупционер Горан Трпеноски.

  • Тоа е колективно тело, може и вака да функционира. Но проблемот е довербата. Ние со тешка работа ја вративме довербата, но кој ќе биде сигурен кој што му е повредено правото, а самата антикорупционерка е обвинета. Нема легитимитет“ смета ГОРАН ТРЕПЕНОСКИ – Поранешен член на ДКСК.

Првата антикорупционерка во оставка, Обвинителството ја товари дека на пријателска база му давала информации за предмети на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ.

Димитровска е обвинета и за компјутерски фалсификат оти лажно го положила испитот за добивање Сертификат за службена тајна односно поранешен колега – ревизор Миле Столевски полагал во нејзино име. И тој исто така е обвинет. Столевски ќе оди на работи, но според информациите од ДЗР нема да работи на ревизии.

Во меѓувреме, Дирекција за безбедност на класифицирани информации го повлече сертифактот на Димитровска и со тоа практично таа веќе нема пристап до класифицирани информации. Се прават и дополнителни проверки по што Дирекцијата може целосно да и го одземе безбедносниот сертификат.