Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Антикорупциска ги чека документите од Министерството за култура зза трошење на екс министерката Костадиновска Стојчевска

Tече рокот Министерството за култура да ги достави документите до Антикорупциска за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Tече рокот Министерството за култура да ги достави документите до Антикорупциска за шопинг манијата со народни пари на порашенната министерка Бисера Костадиновска – за која обвинува ВМРО ДПМНЕ. Дресови од Саудиска Арабија, куфери, кошули, накит, козметика, фудбалски топки и мечиња. Сето ова, според обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ поранешната министерка го купувала со службени пари што ги подигнувала во кеш и со службената картичка, пред да замине на службени патувања во Европа и во Саудиска Арабија. Антикорупционерите веќе отворија предмет по допрен глас и чекаат Министерството да ја достави потребната документација за да ја утврдат фактичката состојба.

ДКСК оформи предмет по сопствена иницијатива, по допрен глас од медиуми. Доставено е барање до Министерство за култура за обезбедување на потребна документација заради утврдување на фактичка состојба. Досега истата не е доставена од МК, тече рокот од 15 дена за доставување на бараната документација. По анализа на поткрепувачката документација и по утврдување на фактичката состојба ДКСК на јавна седница ќе донесе соодветна одлука за која ќе ги информира и медиумите и јавноста, велат од ДКСК

Според ВМРО ДПМНЕ, лани во септември поранешната министерка десетина дена била на службен пат во Саудиска Арабија и во Брисел. За оваа намена, според нивните документи, таа подигнала 2000 долари и 900 евра во кеш од благајната на министерството. Купувала кошули, поло маички, куфери, козметика и пет фудбалски дресови, а според ВМРО ДПМНЕ плаќала со службени пари во кеш и со службена картичка.

Реклама

Владејачката партија исто така тврди дека Костадиновска –Стојчевска  потрошила државни пари за билети за Дубаи кои не ги искористила, а потрошила и речиси 45.000 денари јавни средства за авионски билети за Лондон кои никогаш не биле искористени. Иако патувањата не се случиле, Костадиновска Стојчевска го оправдала трошењето со овие билети.

Поранешната министерка според документите што се обелоденети, покрај лускузниот трособен стан за 4 ноќи, платен 1200 евра за престој во Виена. И луксузно се хранела. На една од сметките таа ги доставила до Министерството за култура и за која земала државни пари, според ВМРО ДПМНЕ се гледа дека за една вечера потрошила 403 евра за школки, бизонско филе и телешко карпачо.

Пред две недели владејачката партија ја обвини Костадиновска Стојчевска дека лани во октомври на службено патување во Лондон со службена картичка потрошила над 700 фунти за фудбалско топка и плишано мече. На истото патување, таа се подновила и со два самсонајт куфери кои ги платела нешто повеќе од 260 фунти со службената картичка на министерството.