Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Aнкета на ИСПИ: Македонските граѓани најмногу членуваат во политички партии споредено со регионот

Македонските граѓани сакаат да бидат партиски активни повеќе во споредба со луѓето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските граѓани сакаат да бидат партиски активни повеќе во споредба со луѓето од регионот. Секој седми граѓанин е член на некоја политичка партија, а речиси третина од избирачите се инволвирани во политички активности во предизборни кампањи, покажува анкетата на Инстутот за социолошки и политичко-правни истражувања.  

Јован Близнаковски, кој го направил истражувањето вели дека резултатите покажале оти во Македонија се гласа по етничка линија и дека политичките партии дома бројат најголем број членови, споредено со регионот.

„Главните наоди покажуваат јасно дека во Македонија многу се гласа по етничка линија, тоа е нешто што го знаеме, но со овие наоди можеме да дојдеме до некаков пресек. Има исклучоци од етничко гласање, но се многу ретки и се однесуваат на само на одредени политички опции“, рече Јован Близнаковски.

Реклама

Анкетата покажала и дека е многу јасно големото незадоволство кај граѓаните од СДСМ и ДУИ, кое и постизборно е исто како и пред изборите. Тоа и доведе до пад на претходната влада. Незадоволството е многу повеќе регистрирано кај македонските граѓани отколку кај гласачкото тело од албанската заедница во Македонија.

„Имаме податоци кои јасно укажуваат на тоа дека гласачкото тело во голема мера е незадоволно од работата на таа претходна влада од 2020 до 2024 година. Тоа незадоволство е различно по етничка линија. На пример гледаме кај етничките Македонци, тоа незадоволство е значително поголемо што не е случај со етнчките Албанци. Така да на некој начин тоа може да се гледа како некоја казна за таа влада“, рече Јован Близнаковски, од Институтот за социолошко и политичко правни истражување.

Истражувањето покажало и дека жените и помладата генерација во Македонија не се доволно вклучени во политичките процеси и дека тоа се работи кои треба во иднина да се надминат.

Инаку анкетното истражување е спроведено на 1056 испитанци избрани по случаен избор, во периодот од 25 октомври до 4 декември минатата година. Се спроведува во изминатите 25 години во регионот и пошироко, но за првпат е направено во Македонија.

Љубиша Владимиров