Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Aнкета на ИПИС: Мицкоски најпопуларен политичар

Христијан Мицковски со најголема доверба меѓу граѓаните, а ВМРО ДПМНЕ со највисок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Христијан Мицковски со најголема доверба меѓу граѓаните, а ВМРО ДПМНЕ со највисок рејтинг од политичките партии. Ова го покажува најновата анкета на Институт за Политички Истражувања.

На премиерот Мицкоски му веруваат најголем дел од граѓаните, или  27,8%. Сите други имаат помалку од 10% доверба. Максим Димитриевски од „Знам“ е со 4,5%, Димитар Апасиев е со 3,3%, поранешниот премиер Димитар Ковачевски е со 1,8%, а Зоран Заев е со 1,7%. Од албанските политичари Али Ахмети е со највисок процент од 8,4%. Зад него се лидерите од „Вреди“, Изет Меџети и Биљал Касами со 2,2%, а потоа се Африм Гаши и Арбен Таравари со по 1,8% доверба од граѓаните.

Од поранешните премиери и лидери на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ Бранко Црвенковски е со 2,3%, додека Никола Груевски е 0,9%. Поранешниот претседател Стево Пендаровски има само 2,5% доверба кај граѓаните. Во ниту еден политичар не веруваат 25,9 проценти од анкетираните.

Реклама

Во ниту еден политичар не веруваат од анкетираните: 25,9 %. Доколку следната недела има парламентарни избори, повторно ќе победи ВМРО ДПМНЕ. За владејачката партија би гасале 28 отсто  од анкетираните. За СДСМ гласот би го дале 10,1 процент,  8,9% за коалицијата предводена од ДУИ, а 7,8% одговориле дека ќе гласаат за ВЛЕН.

Според анкетата, над половина од испитаниците очекуваат новата власт да биде подобра од претходната, а третина имаат позитивно мислење за составот на новата Влада.  Дека новата владејачка структура на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ ќе биде подобра од онаа на СДСМ и ДУИ, сметаат 55,8 проценти од испитаниците, спртивно мислење имаат 11,1 процент , дека ќе биде иста одговориле 21,9 отсто , а не знаат или немаат одговор 11,2 проценти. За новиот владин состав 33,2% од граѓаните имаат позитивно мислење.

Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена телефонски на примерок на 1089 полнолетни испитаници во периодот помеѓу 18 и 21 јуни 2024 година.

Љубиша Владимиров