Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Ангелов: Очекувам денеска да заврши затрупувањето во „Дрисла“, поставени термални камери кај Вардариште

Со термални камери, полициски патроли, поголем број на механизација камиони, багери болдожери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со термални камери, полициски патроли, поголем број на механизација камиони, багери болдожери – надлежните со сите сили се борат да го скротат чадот во Дрисла. Активно се затрупуваат кртичните точки на депонијата. Има два земјени патишта кои се изработени вчера и го олеснуваат пристапот на механизацијата до критичниот дел. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување се сомнева дека пожарот е подметнат. Нема никој осомничен од вработените во Дрисла, но сепак на разговор во полиција се повикани директорот на претпријатието  Самир Хусени и неколку вработени.

Во овој момент напредуваме добро и очекувам во текот на денешниот ден добар дел од ова место да биде целосно затрупано. Побарав дополнителна механизација затоа што како што напредуваме со овие земјени патишта се отвора простор за поширок фронт за работа, за повеќе машини. Ангажирани се и повеќе патроли на полицијата, кои патролираат во околината и овде на депонијата „Дрисла“ и на депонијата Вардариште, рече Ангелов.

Додека Дрисла се уште чади, во дивата депонија Вардариште нема горење ниту чадење, но продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој претходно се разви пожарот.

Реклама

Веќе петти ден од Дрисла излегува густ бел чад со силна смрдеа, во вечерните и утринските часови најмногу се чуствува во околните населени места. Инспекциската постапка за горењето на депонијата е во тек и се следат сите мерки за евалуација на влијанието и отстранување на последиците од пожарот. По пожарот во „Вардариште“, жителите на Аеродром и други општини секој ден во 18 часот ја блокираат раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“, а протестите ќе продолжат додека не се реши проблемот.