Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Ангелов: Изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, граѓаните да бидат особено внимателни поради висок ризик од пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до граѓаните да бидат внимателни бидејќи доволна е само искра која ако падне на сува трева може да настане вистинска катастрофа.  

– Утрово селата Бонче, Подмоље и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од Прилеп, доброволните пожарникари ангажирани преку ДЗС, сите ние кои се наоѓаме во селото Лопатица кое синоќа беше загрозено од пламените јазици. Пожарната линија која беше видлива од регионалниот пат Прилеп Битола е целосно изгасната, активен е само уште еден крак високо над селото Бонче. Голема благодрност до прилепските пожарникари кои ноќва со контра пожар којшто го правеа над една противпожарна пресека во непосредна близина на село Лопатица, претходно изработена со механизациј успеаја да го прекинат огнот и да не му дозволат да ја премине пресеката и на тој начин да го загрози селото Подмоље – рече Анеголов. 

Тој исто така му се заблагодари и на тимот за Брз одговор на ДЗС, составен од пожарникари од Битола и Кочани кои се качиле високо на ридовите околу селата и ја гаселе со километри долгата огнена линија.  

Реклама

Ангелов вели дека е загрижен дека зголемувањето на температурите околу пладне на одредени делови огнената линија да биде реактивирана.

– Но, наша задача е да внимаваме на неа. Овде има пожарникари од Прилеп и исто така се наоѓаат и посадите на двата Пинцгауери кои ќе внимаваат и доколку дојде до реактивирање, да ја изгаснат. Пожарот и од мариовската страна е изгаснат или ставен под целосна контрола. Оптимист сум дека денеска имаме можност да му го зададеме последниот удар па и на мое изненадување целосно да го изгаснеме овој најголем пожар оваа сезона – рече Ангелов.