Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Ноќва околу 2 часот по полноќ избил пожар на отворен простор веднаш…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ноќва околу 2 часот по полноќ избил пожар на отворен простор веднаш над последните куќи во Зелениково, кој благодарение на локалното население и нивната брза превентивна реакција, како и брзата реакција на градоначалникот на Општина Зелениково и пожарникарите спречена е катастрофа и огнот е сопрен на неколку метри од последните куќи, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. 

Ангелов, во видео од терен, информира дека околу 2 часот по полноќ добил телефонски поивик од женско лице со силно вознемирен глас дека пожарот се приближува кон нејзината куќа која се наоѓа во последниот ред, на ридот над Зелениково.

-Веднаш се јавив на дежурниот скопски пожарникар. Телефонот заѕвони само еднаш а веќе го слушнав неговиот глас од другата страна. Го известив дека во Зелениково најверојатно има опасен пожар после што тој веднаш ми кажа дека веќе знаат и нивното возило од станицата во Драчево итно тргнало кон посочената локација. Во меѓувреме, за пожарот бил известен и градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски кој во интерес на времето итно го стартувал општинското противпожарно возило кое што го набавиле пред извесно време и со него дошол непосредно до куќите каде што беснеел пожарот. Истовремено со него пристигнале и, од него алармираните, припадници на доброволното противпожарно друштво од Зелениково. Веднаш потоа започнале со гасење на пожарот кој се приближувал кон куќите – информира Ангелов.

Реклама

Олеснителна околност, нагласи Ангелов, била претходната реакција на самите жители од последните куќи, кои направиле делумна заштита на неколку места прскајки со вода и сечејки критични грмушки и дрвја.

-Сите заедно успеале да ја сопрат огнената стихија пред да стигне до првите куќи. Голема благодарност до градоначалникот на Зелениково, Коста Маневски, кој итно, во 02.00 по полноќ се јавил на повикот на граѓаните, покажал присебност и наместо да губи време чекајки некој да дојде по противпожарното возило, самиот го стартувал и одвезол до местото каде што горел пожарот. Благодарност и до жителите кои што излегле да се борат против огнот изложувајки се притоа на значителен ризик, на лице место затекнав повеќемина од нив.  Посебна благодарност до доброволните пожарникари од Зелениково без чие учество состојбата ќе беше сосем поинаква. Со нив договорив да влезат во Тимовите за брз одговор на ДЗС, а во знак на поддршка на доброволното пожарникарство им понудив Дирекцијата да им обезбеди заштитни униформи, противпожарни напртњачи и метли за нивниот иден Огнен тим во ДЗС – изјави Ангелов. 

Ангелов, исто така, изрази благодарност и до скопските пожарникари чие што возило стигнало навистина брзо.

-Сите заедно ставија крај на оваа огнена стихија која можеше да уништи повеќе куќи. На крај, по којзнае кој пат, ве молам, внимавајте! Доволна е само искра за вистинска катастрофа – порача Анеглов.

Ангелов, како што информира, за пожарот бил известен во момент додека се наоѓал на патот кој води низ ловиштето Јасен, враќајки се од Македонски Брод каде што, како што нагласи, ги имале завршните договори за денешното гасење на пожарот кој е активен на висок, тешко пристапен и карпест терен.